Дознајте кои се здравствените придобивки од белото вино
Обично се зборува за здравствените придобивки од црвеното вино, но тоа не ги спречува луѓето да пијат и бело. Сега кога деновите се топли и имаме потреба од нешто освежувачко, време е да дознаеме повеќе за белото вино. Иако можеби не сте чуле за нив, овој алкохолен пијалак има три здравствени придобивки кои се доволна причина за да уживате во него. Еве што можете да добиете од чашата бело вино…
1. Белото вино го подобрува срцето и метаболизмот
Во едно истражување од 2015 година, истражувачите побарале од луѓето со дијабетес тип 2 да пијат црвено, бело вино или вода заедно со вечерата во период од 2 години додека истовремено требало да се придржуваат до строга медитеранска исхрана. Иако испитаниците кои пиеле црвено вино забележале најголеми подобрувања во однос на срцето и метаболизмот, оние кои пиеле бело вино исто така имале подобрувања, што сепак значи дека овој алкохолен пијалак има некакво позитивно влијание.
2. Белото вино ги подобрува нивоата на холестерол
Во едно друго истражување кое траело 1 година, учествувале 146 испитаници од кои едната половина пиеле црвено, а другата половина пиеле бело вино. Истражувачите откриле дека учесниците кои вежбале два пати неделно и пиеле вино од каков било вид забележале значително подобрување на нивоата на холестерол.
3. Белото вино ја подобрува функцијата на белите дробови
Според едно истражување од Универзитетот во Бафало, пиењето бело вино може да ви помогне да го одржите здравјето на белите дробови многу повеќе од црвеното. Врската помеѓу овие две работи е непозната. Можеби позитивното влијание се јавува како последица од количината на антиоксиданси што ги содржи белото вино и кои се борат со слободните радикали, но треба да се направат уште истражувања за да се разјасни сето тоа.
Треба да знаете дека повеќето видови бело вино содржат повеќе шеќер од црвеното, па затоа сетете се на овој податок пред да си ставите втора чаша. И не заборавајте дека за да ги почувствувате здравствените придобивки од белото вино, треба да го пиете во умерени количини.
Во продолжение прочитајте за оние жени кои пијат црвено вино и оние кои пијат бело вино.