Дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот

Дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот

Сите мажи сакаат да бидат здрави и затоа понекогаш се грижат за себе дури и повеќе од жените. Но, многумина од нив не се свесни дека прават некои работи кои можат да им го нарушат сексуалното здравје. Во продолжение дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот и применете ги нивните совети за да ја спречите појавата на најчестите проблеми…

Дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот

Тие се хранат здраво

Тоа што го јадете може да влијае на вашите вештини во спалната соба. Ако јадете здрава храна која е богата со хранливи материи, но содржи малку масти, ќе можете да го искористите целиот ваш сексуален потенцијал. Држете со до балансираната исхрана, јадете многу овошје и зеленчук, чисто месо, житарици и пијте нискокалорично млеко.

Редовно вежбаат

Не ги одбегнувајте посетите на теретаната. Мажите кои не се физички активни се соочуваат со многу сексуални проблеми. Освен тоа, вежбањето ја зголемува самодовербата и либидото.

Не пушат цигари

Многу доктори се согласуваат дека пушењето е еден од најголемите причинители на еректилна дисфункција кај мажите. Имено, истражувањата откриле дека пушачите најмногу страдаат од оваа појава. Пушењето исто така може да го намали квалитетот и квантитетот на семената течност. Пушењето ги оштетува малите артерии кои праќаат крв до пенисот, со што се отежнува одржувањето на ерекцијата.

Знаат како да се справат со стресот

Стресот може да доведе до сексуални проблеми. Многу мажи се чувствуваат исцрпено, загрижено, напнато и нервозно поради стресот. Ако му дозволите да управува со вашиот живот, ќе изгубите контрола врз работите што ги правите. Научете да се справувате со овој непријател на психичкото здравје и почнете да применувате некои техники за смирување како што се длабокото дишење и медитацијата. Најдете начин да ги контролирате лутината и тагата и наскоро ќе ги забележите придобивките од опуштениот начин на живот во спалната.

Прават Кегелови вежби

Кегеловите вежбите ги зацврстуваат мускулите што ја поврзуваат основата на пенисот со опашната коска. Функцијата на овие мускули е да го контролираат протокот на течности низ уретрата. Благодарение на овие вежби, ќе научите да ја одложувате ејакулацијата со што ќе го зголемите интензитетот на оргазмот. За да видите каде се наоѓаат овие мускули, обидете се да го запрете текот на урината. Тоа се мускулите што треба да ги зацврстите. Стегнете ги мускулите, задржете ги така неколку секунди и потоа опуштете ги.

Дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот

Употребуваат лубриканти

Како што стареат, мажите постепено ја губат чувствителноста на пенисот. Лубрикантите можат да ви помогнат со овој проблем бидејќи ќе ви дадат поголема слобода при движењето и ќе ви го зголемат сексуалното уживање.

Одат на доктор секоја година

Не е никаква тајна тоа дека мажите не сакаат да одат на доктор, но ако сакате да го одржувате вашето здравје, треба да правите редовни прегледи барем еднаш годишно. Вашиот доктор ќе може да ви одговори на сите прашање што ве мачат. Ако имате повеќе сексуални партнерки или ако сте почнале да спиете со нова, многу е важно да направите тест за полово преносливи болести.

Пијат помалку алкохол

Колку повеќе пиете толку повеќе се изложувате на ризик од еректилна дисфункција. Алкохолот може да направи да се чувствувате посекси бидејќи опушта и ги намалува инхибициите, но исто така го намалува и либидото, предизвикува проблеми со ерекцијата и го отежнува доживувањето на оргазам.

Не се дрогираат

Некои мажи земаат нелегални дроги бидејќи мислат дека така ќе го зголемат интензитетот на сексуалното искуство. Меѓутоа, во најголемиот број случаи, дрогите имаат спротивен ефект. За да ја спречите појавата на еректилна дисфункција, не земајте психоактивни супстанции.

Имаат позитивен став кон животот

Медицинските истражувања докажале дека мажите кои имаат позитивен став кон животот имаат подобар сексуален живот. Насмејте се и размислувајте позитивно!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар