Дознајте ги меѓу првите: 10 трендови кои Пинтерест ги најавува за 2017-та година
Една од нашите најомилени социјални мрежи, Пинтерест, токму сега лансира проект наречен „100 Report“ – есенцијална листа на топ трендови кои најмногу ќе ги пребаруваме, споделуваме и ќе ги обожаваме во 2017-та година. Ние ги одбравме 10-те најдобри и тоа од различни животни подрачја – мода, фитнес, дизајн, здрава исхрана…
1. Повеќе висечки билки
Висечките билки се неодоливи и дефинитивно најавени како еден од водечките трендови во 2017-та година. Секако, се подразбира дека во просторијата треба да имате доволно сончева светлина.
2. Нангка како алтернатива на месо
Оваа моќна намирница содржи витамини, минерали, фитонутритиенти, влакна, добри маснотии и протеини (без трошка холестерол или заситени масти).
3. Концепт „HYGGE“
Ја пронајдовме тајната на среќата и се нарекува „hygge“. Овој дански збор во превод значи чувство или расположение што настанува од искреното задоволство во правењето обични, секојдневни моменти позначајни, прекрасни или посебни. Станува збор за Данска филозофија за барање на среќата каде било ѝ да е.
4. Лечење со кристали
Лечењето со природни елементи кои се наоѓаат околу нас и не е толкав новитет. Но, користењето на енергијата од кристалите може да биде нешто што во следната година ќе го гледаме повеќе од кога било порано.
5. Металик нокти
Иднината пристигна и веќе се заљубивме во неа – ви ги претставуваме металик ноктите со висок сјај. Изберете розово златна нијанса ако се чувствувате посебно авантуристички.
Продолжете на следната страница за останатите 5 трендови…