Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

Докажано е дека непромисленото и незаштитеното изложување на сонце е штетно. Дури 80 проценти од сите оштетувања и стареења на кожата се поврзани со прекумерно изложување на сонце. Најчестите ефекти на сонцето врз кожата се манифестираат со изгореници кои настануваат по прекумерно изложување на сонце.

Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

Малите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце!

Витамин Ц

Овој витамин полн со антиоксиданси ги смирува изгорениците предизвикани од УВ зрачењето, а истовремено ја подобрува еластичноста на кожата и го стимулира производството на колаген. Користете серум на база на витамин Ц или во лажичка вода или гел од алое додадете прстофат витамин Ц во прав.

Кефир

Добрите бактерии од кефирот се одличен избор за смирување на оштетената кожа, а млечната киселина нежно ги отстранува мртвите клетки. Измешајте 2 лажици кефир, 2 лажици овесна каша и 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон. Оставете го препаратот да отстои еден час пред да го нанесете на кожата. Оставете да делува 5-10 минути и исплакнете.

Краставица

Високата содржина на вода и витамини го прави овој зеленчук одлична подмладувачка состојка за нега на сите типови кожа. Измешајте половина краставица со две лажици гел од алое и ќе добиете универзална летна помада за нега на целото тело после сончање.

Откако прочитавте кои домашни лекови можат да ви помогнат при справување со изгореници, можеби ќе сакате да прочитате и кои етерични масла кои ги смируваат изгорениците од сонце.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар