Домашен рецепт за зајакнување на имунитетот: Моќна комбинација од протеини и витамини
Сувото овошје е полно со хранливи материи, влакна, витамини и минерали, оревите се богати со протеини, омега 3 масни киселини и магнезиум, бадемите со антиоксиданси, а семките од тиква содржат здрави масти кои благотворно делуваат на здравјето на срцето и коските. Комбинацијата од овие неверојатни природни намирници може да биде одличен домашен лек за зајакнување на имунитетот. Се зема по една лажица наутро, по можност на празен стомак, а комбинацијата од споменатите хранливи состојки ќе ви помогне да го започнете денот полни со енергија.
Потребни состојки:
- 30 грама ореви
- 30 грама бадеми
- 15 грама семки од тиква
- 25 грама суви кајсии
- 4 урми
- 25 грама сува брусница
- сок од 1 портокал
- 200 милилитри врела вода
Начин на подготовка:
Прелијте ги со 200 мл зовриена вода урмите, кајсиите и брусницата. Оставете ги да отстојат 15 минути, исплакнете и исцедете ги. Сите горенаведени состојки ставете ги во блендер и додадете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете еднолична смеса, префрлете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер.
Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт за зајакнување на имунитетот, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за розево месечево млеко кое го зајакнува имунитетот и го подобрува сонот.
Извор: sensa.mondo.rs