Домашен рецепт за ефикасен и брз раст на вашата коса

Домашен рецепт за ефикасен и брз раст на вашата коса

Многу пати сакаме да направиме некаква промена со нашата коса, да ја скратиме, да ја бојадисаме или сосема да ја смениме формата и начинот на кој вообичаено ја носиме. Сепак, разните третмани ја оштетуваат косата и поради тоа тешко е да порасне, а притоа да го задржи сјајот и живоста на тазе потшишаната коса.

Ова е еден домашен рецепт, кој го споделува професионалката за коса Ноел Спикс. Доколку го користите редовно, барем еднаш до двапати неделно, веќе за месец дена ќе ја забележите разликата.

Со овој третман ќе го подобрите квалитетот на вашата коса од коренот сè до врвовите. Погоден е за сите видови коса.

Домашен рецепт за ефикасен и брз раст на вашата коса

Потребни состојки:
  • Бел дестилиран оцет
  • Рузмариново масло
  • Кокосово масло
  • Капа за туширање
Постапка:

1. Проблемот е во тоа што не ја масираме доволно косата. Масажата на скалпот е неопходна во овој процес. На чиста измиена коса, потсушена само со пешкир, ставете бел дестилиран оцет и масирајте 15 минути со врвот на прстите.  Употребете околу 120 мл.

2. Не мијте ја косата. Земете една лажица масло од рузмарин и масирајте ја главата насекаде. Доколку сакате да ја згуснете косата, ставете уште една лажица. Масирајте го скалпот темелно и без брзање.

  • Дестилираниот бел оцет е природен продукт за раст на косата кој помага и за нејзино темелно чистење.
  • Маслото од рузмарин пак, ја стимулира циркулацијата што води до здраво растење на косата.

3. Сè уште не мијте ја косата. Сега, откако го третиравте скалпот, употребете го кокосовото масло за да ја масирате косата по нејзината должина. Ставете малку на рацете, размачкајте го и нежно нанесувајте по целата должина на косата, почнувајќи од 3 прсти од коренот, па сè до долу. Не претерувајте со кокосовото масло бидејќи тешко се измива. Како алтернатива може да се користи и маслиново масло, но ефектот со кокосовото е подобар.

4. Ставете капа за туширање и преспијте ја така ноќта. Ќе чувствувате скокоткање и свежина.

5. Нежно измијте ја косата со шампон наредното утро и не ставајте никакви маски или кондиционери, бидејќи нема да има потреба.

Повторувајте ја постапката еднаш или двапати неделно, зависно од состојбата во која се наоѓа вашата коса и за еден месец ќе забележите разлика, додека за 6, вашата коса ќе ја добие еластичноста и здравиот изглед.

Домашен рецепт за ефикасен и брз раст на вашата коса

Клиентка на Ноел Спикс пред третманот и 6 месеци подоцна

Секако, не значи дека не треба редовно да ги кратите оштетените врвови. Но, од друга страна пак, не значи ни дека мора да престанете да користите хемикалии. Заборавете ги скапите маски со тропски амбалажи кои ви влеваат лажна надеж дека ќе имате поквалитетна коса. Пробајте го овој домашен третман, кој се покажал успешен за многумина кои поминале во салонот на Ноел Спикс.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. SunnY Reply

    A dali znaete kade da gi nabavime sostojkite 🙂

    • Jelena Reply

      Кокосово масло, во вид на путер го има во Биокулт продавницата во ГТЦ на последниот кат. Околу 400 денари е за не многу големо пакетче. Иначе, викаат здраво било за луѓе со бактериски инфекции да зимаат барем по едно лажиче на ден. Рузмариново масло може и таму да има, ако не видете у билни аптеки.

  2. jasi Reply

    И сега кај може да се најдат овие производи?

  3. Iv Reply

    Kokosovo maslo ima i vo prodavnicive, mnogu poeftino, vo malo pakuvanje, vo tinex okolu 60tina denari e , 60 ml. A ocetov :/ ?

    • Кафе пауза Reply

      Во сите продавници има бел оцет. Поздрав

      • mrs Reply

        Pa ne treba samo bel ocet so se prais ulav?a

        • Кафе пауза Reply

          Mrs, ако имаш прашање за другите состојки, слободно прашај, ние или некој друг читател ќе ти одговори. Нашиот одговор во претходниот коментар се однесува токму на прашањето за белиот оцет.

  4. Iv Reply

    Znaci vsusnost seraboti za obicniov bel ocet,ne bev sigurna 😀 vi blagodaram

  5. ana Reply

    a kade moze da se najde ruzmarinovo maslo?

  6. peach Reply

    dali nekoj sto go pravel ovoj tretman moze da mi kaze kade da najdam maslo od ruzmarin,zatoa sto jas prasuvav vo kosmo i dm-nemase, a prasuvav i po apteki i samo najdov etericno maslo?

  7. viki Reply

    kade mozham da najdam ruzmarinovo i kokosovo maslo? (:

  8. Aleksandar Reply

    Ruzmarinovoto maslo mozete sami da go napravite doma, vo plasticno sise stavete pola litro soncogledovo maslo i naberete grancinja ruzmarin i stavete gi vo siseto.Potoa zatvorete go siseto so grancinjata ruzmarin i soncogledovo maslo i ostavete go vo temna prostorija 14 dena da otstoi. A kokosovo maslo mozete da najdete vo marketite, vo mojot slucaj market ZENDOLINO :). Momentalno go pravam tretmanot pa se nadevam na pozitivni rezultati. Probajte, se e na prirodna baza.

    • Анонимен Reply

      aleksandra mozesh da mi kazesh sto rezultat ima

    • Анонимен Reply

      Aleksandar ima razlika vo kosata ???? Ima efekt?

  9. Srcuska Reply

    Aleksandar ima efekt ova?

  10. renata Reply

    Kokosovo maslo ima vo biokult. Inaku skoro site devojki sto pravat tutorijali ma youtube za farbanje kosa, odrzuvanje ponatmoshno i sl, koristat kokosovo maslo. Inaku za ona maslo vp Tineks i slicni dr, po cena od 60 denari malo shishence, ne se lazete da zemate zashto toa e samo parafin so kokosov miris. I jas imam zemeno mislejki deka e kokosovo no go procitav doma sostavot i uvidov deka se raboti za parafin. Taka spored mene najdobro e ladno cedeno kokosovo. Nekafe na ambalaza mpze da pisuva kokosova mast a negde ulje. Ista stvar e, samo treba da go zagreete megu dlanki i da go nanesete na kosata. Jas od utre pocnuvam i da go pijam i na decata da go davam.

Остави коментар