Диета со течности која нема да ве изгладнува

Диета со течности која нема да ве изгладнува

Многумина имаат желба да симнат некое килце пред Нова година. Секако, би можеле да изгладнувате со ригорозни диети, или би можеле да консумирате повеќе течности. Ова е диета со течности со која не би морале да гладувате, почесто пијте:

Диета со течности која нема да ве изгладнува

Млеко со пониска масленост

Млекото е одлична напивка за вашето здравје, како и за вашата линија. Содржи многу протеини, па со неговото консумирање ќе се чувствувате сити без да внесувате многу калории. Докажано е дека луѓето кои во просек пијат чаша млеко секој ден, имаат поголема шанса да ослабат отколку оние кои пијат половина чаша.

Вода

Две чаши вода пред секој оброк заситуваат, така што би можеле слободно да ја консумирате омилената храна, само што организмот ќе се чувствува сит и ќе изедете помалку. Одлично, нели?

Какао

Едно истражување, неодамна ја откри поврзаноста на какаото со индексот на телесните масти. Секако, со никој од наведените пијалаци не би требало да се претерува, а посебно какаото не треба да го консумирате премногу често.

Диета со течности која нема да ве изгладнува

Зелен чај

Зелениот чај е познат по своите антиоксидантни дејства, го забрзува метаболизмот и помага при согорување калории.

Шејк од јогурт и банана

Јогуртот покрај другите благотворни дејства, често е поврзан со забрзувањето на метаболизмот. Изблендирајте половина чаша јогурт и една банана.

Кафе

Уште една предност за консумирање кафе, неговите дејства се одлични кога станува збор за намалување на тежината. Кафето ве заситува и го забрзува метаболизмот. Секако, ви дава и повеќе енергија за да си ги извршувате обврските, а со тоа и да потрошите многу калории. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно пијат кафе, подолго и подобро ги издржуваат вежбите во теретана.

Топла супа

Оброк кој ќе ве загрее и стопли. Истражувањата покажуваат дека топлата супа пред ручекот би го намалила количевството на калории кое ќе го внесете со оброкот. Супата, исто така, е „убиец“ на јаглехидратите.

Сок од зелечнук

Ваквите напитоци изобилуваат со растителни влакна и содржат многу калиум – состојки кои се клучно поврзани со контролирањето на тежината.

Диета со течности која нема да ве изгладнува

Газирана вода

Меурчињата во минералната вода даваат чувство на ситост во стомакот.

Чај од ѓумбир

Измешајте една четвртина лажица сушен чај во шолја со врела вода. Чајот од ѓумбир делува како регулатор на апетитот.

Млеко со бадеми

Универзитетот во Барселона, во едно истражување покажа дека луѓето кои пијат бадемово млеко доживуваат пад на чувството на глад. Направете го сами со додавање грст исечкани бадеми во чаша со млеко.

Млечна сурутка

Измешајте една лажичка во чаша со вода, додадете една четвртина замрзната банана и малку екстракт од ванила или бадем. Млечната сурутка не е пожелна само за билдерите, благодетното дејство е тоа што содржи речиси исто протеини како и месото, само што нема толку масти и јаглехидрати.

Чај од нане

Мирисот на нане дејствува како регулатор на ситоста. Нането е билка која помага при варењето, така што храната побрзо поминува низ организмот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. olgica Reply

    Dali moze vo pijalokot od jabolko so cimet da se dodadat i kriski limon

Остави коментар