Девојки, ова се 10 причини да не носите гаќички

Девојки, ова се 10 причини да не носите гаќички

Да носите гаќички или да не носите гаќички? Тоа е прашањето кое Шекспир требало да го постави, бидејќи на тој начин би ги поштедил жените од долгогодишни дебати на оваа тема. Постојат многу погрешни сфаќања за изоставувањето на гаќичките од вашата облека, но голем дел од нив се само митови. На крајот од денот, неносењето гаќички не е толку голема работа колку што мислите бидејќи освен вас, никој друг не мора да знае… Погледнете ги наредниве 10 причини зошто барем понекогаш е добро да не носите гаќи.

Девојки, ова се 10 причини да не носите гаќички

1. Поудобно е

Најголемата причина зошто би требало да заборавите на вашите гаќички е удобноста. Понекогаш тие навистина знаат да пречат кога носите пантолони, па нивното изоставување во овие ситуации може да направи да се чувствувате подобро.

2. Не постои поврзаност помеѓу неносење гаќички и „закачување“ инфекции

Можеби ви изгледа како помеѓу пантолоните и вашата вагина да има простор за група бактерии, но таа идеја одамна е отфрлена. Според д-р Џилијан Дин, не постои научно истражување кое има поставено директна поврзаност помеѓу неносењето гаќи и здобивањето одредени бактериски или габични инфекции.

3. Изоставувањето на гаќичките всушност може да ги спречи инфекциите

Доколку чувствувате каква било иритација или чешање таму долу, гинеколозите многу често препорачуваат одредено време да не се носат гаќи. На својот блог, гинекологот д-р Кејт ни открива дека на овој начин ќе се намали чувството на неудобност. Доколку не сте слободни да го сторите тоа преку ден, обидете се барем навечер.

Д-р Алиса Двејк исто така ја поддржува оваа теорија така што објаснува дека доколку вагината е постојано прекриена, се создава многу повеќе влажност и токму тоа создава идеална околина за габични инфекции.

4. Не постои ризик од линии на вашиот задник предизвикани од гаќичките

Сите сме биле сведоци на овој феномен. Жена во тесни пантолони со светла боја заборавила дека ги носи на себе своите портокалови „бабини“ гаќи и тие целосно се исцртуваат на нејзиниот задник. Не постои ништо понепријатно за една жена од оваа ситуација, но тоа никогаш не би ви се случило доколку воопшто не ги облечете вашите гаќички.

5. Ако некогаш навистина треба да бидете без гаќички, вие веќе ќе имате искуство

Во текот на вашиот живот, сигурно барем еднаш ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да ги изоставите гаќите, па зошто претходно да не се подготвите за овој момент? Погледнете само колку славни ѕвезди се приморани да не облечат гаќички само поради фактот што нивниот фустан не го дозволува тоа.

6. Ќе се чувствувате посекси

Точно, некои девојки се чувствуваат секси во долна облека, но зарем постои нешто повозбудливо и поризично од тоа да бидете целосно голи под облеката? И токму оваа тајна која ја чувате за себе може позитивно да влијае врз вашата самодоверба додека разговарате со вашите соработници, професори, пријатели, па дури и со момчето кое ви се допаѓа.

7. На вашиот партнер со сигурност ќе му се допадне оваа идеја

Зарем има подобар начин да му ја разгорите фантазијата од изјавата на почетокот од вечерта со која суптилно ќе му соопштите дека не носите гаќички? Шепнете му ја оваа тајна тивко, на јавно место и набљудувајте ги промените на неговото лице. Доколку ви е потребна возбуда во врската, ова веднаш ќе ви помогне!

8. Вашите пантолони подобро ќе ви стојат

Дали имате одредена долна облека која не можете да ја носете со одредени пантолони само затоа што прават тие да ви стојат поинаку? Доколку не облечете гаќички, овој проблем целосно ќе го снема. Од друга страна пак, можете да купите и помал број или потесни пантолони кои дополнително ќе ја нагласат вашата фигура без ризикот дека гаќичките ќе направат некаква промена.

9. Ќе чувствувате повремени изливи на задоволство во текот на денот

Доколку вашата вагина не е „заштитена“ со гаќичките од пантолоните, тие можат да создадат интересни сензации во текот на денот. Ова особено се случува со фармерки бидејќи тие се поцврсто зашиени, па од движењето можат да направат да се почувствувате потопло таму долу.

10. Понекогаш едноставно морате да го направите тоа

Ви се случило ли некогаш бидејќи сте биле многу зафатени или премногу мрзливи да останете без чиста долна облека, па да морате да ги носите истите гаќички повторно? Во оваа ситуација многу е подобро да бидете без нив, отколку со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. pricina Reply

    i 11 pricina – da ne gi macate gacite 😀 😀

Остави коментар