Девојки, останете сингл додека не запознаете вакво момче!

Девојки, останете сингл додека не запознаете вакво момче!

Останете сингл додека не го запознаете она момче што ќе ви ја отвори секоја врата за да можете да минете низ неа, она што ќе се погрижи да се движите од внатрешната страна на тротоарот, наместо покрај улицата, како и она што секогаш без срам ќе ве држи за рака и ќе ве бакнува во јавност.

devojki-bidete-singl-dodeka-ne-zapoznaete-vakvo-momche-www.kafepauza.mk

Останете сингл додека не го запознаете она момче што сака да ве одведе дома кај родителите, чии пријатели веќе чуле сè за вас дури и пред да ве видат, како и она што ќе дојде секогаш кога ќе имате потреба од него. Ова момче ќе ви вели „Пиши кога ќе стигнеш безбедно дома“ и нема да заспиете дур не ја добие таа порака.

Останете сингл додека не го запознаете момчето што гордо ќе ве претставува на сите познаници, што нема да се обидува да ве промени, ќе ве сака онакви какви што навистина се и што секогаш ќе ви одговара на пораките, дури и кога не му поставувате прашања. Ова момче едноставно нема време за игри и секогаш е брутално искрено.

Останете сингл додека не го запознаете она момче што ќе ве држи блиску до себе и ќе ве бакнува во чело, она момче што ќе ве почитува и ќе ви дава поддршка за сите идеи и мисли, без разлика колку „лудо“ ќе му звучат. Момчето треба да стои на својот збор и да се извинува секогаш кога ќе направи некоја грешка.

Останете сингл додека не го запознаете момчето што без причина ќе ви купува цвеќиња, она што ќе ви испраќа слатки пораки и од работа, особено кога знае дека сте под стрес, како и она што сака да бидете подобра личност и постојано ќе ве мотивира да излегувате од својата удобна зона, бркајќи ги соништата.

Останете сингл додека не запознаете момче што ќе се погрижи никогаш да не се сомневате во неговите чувства, момче што е сигурно во себе и во својата кариера и има иднина од која сака вие да бидете дел. Ова момче вели „Те сакам“ бидејќи навистина сака да го знаете тоа и никогаш не престанува да се обидува да ве задржи крај себе.

Останете сингл додека не го запознаете она момче што прави да се чувствувате поубаво со самото стоење покрај него, она што ви предизвикува пеперутки во стомакот со самото влегување во просторијата. Останете сингл додека не го запознаете она момче без кое нема да сакате да живеете, бидејќи неговото присуство ќе го збогатува вашиот живот!

Прочитајте и зошто е убаво да бидете сингл додека студирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар