Девојки многу се грижите, момците воопшто не ги забележуваат овие нешта за време на сексот

Девојки многу се грижите, момците воопшто не ги забележуваат овие нешта за време на сексот

Дали за време на сексуалниот однос низ главата мисли ви поминуваат за тоа како изгледате во тој момент во неговите очи кои ве спречуваат целосно да уживате во чинот? Ако одговоривте со „да“, не сте единствени. Скоро сите жени на светот имаат несигурности за себе кои се зголемуваат за време на интимните моменти со нивниот партнер. Но, за разлика од вас, мажите воопшто не размислуваат за овие ситници. Погледнете ги следниве 6 нешта кои и покрај тоа што за вас можеби во моментот изгледаат страшно, тој воопшто не ги ни забележува…

Девојки многу се грижите, момците воопшто не ги забележуваат овие нешта за време на сексот

1. Колку сте гласни

За време на сексуалниот однос прифатливо е сè освен тишината. Токму затоа не се воздржувајте и слободно врискајте доколку ви доаѓа да го правите тоа. На тој начин вие не само што повеќе ќе уживате во односот, туку тоа уживање ќе му го покажете и нему.

2. Како „скокаат“ вашите гради за време на сексот

Додека вие се мислите дали да го соблечете градникот или не или пак гледате каде е најблискиот прекинувач за светло, тој едноставно целосно е задоволен од она што го гледа пред него. Тој не е тука да бара маани, туку да ужива со вас.

3. Чудни гримаси на вашето лице

Усни во облик на буквата „О“, полуотворени очи, бушава коса и лик нешто помеѓу сон и лудило… Сигурно покрај толку грижење за вашиот лик не ни забележавте дека неговиот израз на лицето изгледа идентично како и вашиот, нели?

4. Мозолчиња

Дури ни оние кои се наоѓаат на најчудните места на вашето тело нема да го привлечат неговото внимание. Верувајте, тој е фокусиран на само една точка од вашето тело.

5. Пот

Вашето момче многу сака да ве активира, но и вие него, а токму затоа и односот ќе биде проследен со пот. Но, не е сè така црно како што вас ви изгледа во моментот. Со потта се испушта и хормонот феромон, кој дополнително ќе го возбуди вашиот партнер за време на сексуалниот однос.

6. Влакна

Не сте имале време да се издепилирате? Верувале или не, момците во ниту еден момент не очекуваат совршена ситуација таму долу. Тој сè што сака е да ве види гола, без облека. Неколку влакненца воопшто не му пречат во тој поглед.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар