Девојки, дали знаевте дека ова е причината за зголеменото потење?

Девојки, дали знаевте дека ова е причината за зголеменото потење?

Предменструалниот синдром (ПМС) е збир на симптоми во облик на психички и физички тешкотии кои најчесто се јавуваат 7 дена пред менструацијата и исчезнуваат неколку часа пред почетокот на менструалното крвавење. Повеќе од 70% од жените патат од ПМС, а се смета дека една од главните причини е стресот.

Раздразливоста, зголемениот апетит, заморот од една страна и хиперактивноста од друга и сувоста на вагиналната област пред самата менструација се некои од најчестите симптоми на ПМС. Но, пости една телесна појава која многубројни жени ја доживуваат пред менструацијата, а не знаат дека е симптом на ПМС. Станува збор за зголеменото потење.

„До зголемено потење доаѓа заради опаѓање на хормоните во текот на ПМС-от. Зголеменото потење најчесто се јавува 2-3 дена пред почетокот на менструацијата. Жените кои се во 40-тите дури може да почувствуваат симптоми слични како менопаузата, како што се налетите на жештина“, објаснува гинекологот д-р Силва Бабиќ.

2-golema-neprijatnost-devojki-dali-znaevte-deka-ova-e-prichinata-za-zgolemenoto-potenje-www.kafepauza.mk_

Доколку ве мачи зголеменото потење за време на ПМС, обидете се да избегнувате одредени производи како што се чоколадото, кафето, силните чаеви и мрсната храна, особено кога станува збор за сирење.

„За ублажување на симптомите на ПМС добро е да консумирате мака во прав, бидејќи ги урамнотежува хормоните и ја поттикнува енергијата, поточно ги поттикнува циркулацијата и производството на естроген. Подобро ќе се чувствувате доколку се занимавате со некоја умерена физичка активност и ако поминувате време на чист воздух“, советува гинекологот д-р Силва Бабиќ.

Но, доколку потењето е постојана појава и нема врска со ПМС, тогаш погледнете кои пораки ви ги испраќа вашето тело преку зголеменото потење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар