Детален список со намирници кои можат да го намалат ризикот од рак!
Бројот на луѓе кои страдаат од рак се зголемува од година во година и не можеме да влијаеме на одредени фактори, како што е генетиката. Сепак, науката докажа дека правилната исхрана може да го намали ризикот од рак. Нутриционистот и специјалист за исхрана и рак, Никол Ендрус, сподели препораки и совети за изборот на храна за да се намали ризикот од рак.
Моќта на растителната храна
Кога станува збор за начин на живот кој го намалува ризикот од рак, Ендрус препорачува храната од растително потекло да биде главен дел од вашата исхрана.
„Тоа значи дека вашето мени треба да биде богато со овошје, зеленчук, интегрални житарки, мешунки, јаткасти плодови и семки бидејќи сите овие намирници се богати со есенцијални витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои се поврзани со намален ризик од разни видови на рак“, објасни Никол.
Д-р Амбер Орман, онколог од Флорида, тврди дека повеќе од 40% од сите видови на рак може да се спречат со правилна исхрана во која доминираат растенијата, особено во комбинација со физичка активност, избегнување на цигари и алкохол и одржување на здрава телесна тежина.
„Некои од најмоќните антиканцерогени намирници се темнозелениот лиснат зеленчук, печурките, мешунките вклучувајќи соја, бобинки, јаболка, ѓумбир, лук, куркума, мелен лен и зелен чај со лимон“, изјавува Орман.
Вистински протеини
Ендрус тврди дека помалку преработеното црвено месо и немасните извори на протеини, како што се пилешко, мисирка, риба, морски плодови и протеини од растително потекло, можат значително да придонесат во спречувањето на појавата на ракот, особено ракот на дебелото црево.
Со овој избор на протеини, ќе го намалите ризикот од потенцијално канцерогени соединенија и ќе го подобрите вашето целокупно здравје. Затоа Ендрус ги предлага следниве протеини: посни парчиња говедско месо, јагнешко месо, свински бут, пилешко, лосос, туна, ракчиња, скуша, јастог, сом, јогурт, млеко, сирење, грав, грашок, леќа, соја.
Доволно влакна
Како дел од диетата за намалување на ризикот од рак, Ендрус препорачува дневен внес на влакна од 30 грама. Започнете го денот со овесна каша, белиот ориз и тестенините заменете ги со интегрални житарки, јадете повеќе грав и леќа, грашок, малини, јадете овошје, зеленчук и јаткасти плодови наместо преработени грицки.
Здрава хидратација
Консумацијата на алкохол е тесно поврзана со зголемен ризик од разни видови на рак, вклучувајќи рак на устата, грлото, хранопроводникот, црниот дроб, дојката и дебелото црево, предупредува Ендрус. За да се намали овој ризик, Ендрус препорачува здрави пијалаци наместо алкохол, односно чај од камилица или нане, смуди од свежо овошје и зелен чај.
Откако прочитавте кои намирници можат да го намалат ризикот од рак, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници го зголемуваат ризикот за појава на рак, а се дел од нашата секојдневна исхрана.
Извор: citymagazine.danas.rs