Десерт за денес: Бабини профитероли

Десерт за денес: Бабини профитероли

Погледнете го овој рецепт како да направите вкусни профитероли кои за многу кратко време ќе ви станат омилен десерт.

Десерт за денес: Бабини профитероли

Потребни состојки:

  • 125 милилитри млеко
  • 125 милилитри вода
  • 100 милилитри масло
  • 300 грама брашно
  • 5 големи јајца
  • малку сол
  • 200 милилитри павлака
  • 150 грама чоколадо
  • 1 коцка маргарин или путер

Начин на подготовка:

1. Во тенџере ставете ги водата, млекото и маслото и додајте малку сол, а кога ќе почне да врие додајте го брашното и мешајте две минути. Оставете да се излади, а потоа додајте ги јајцата и мешајте со миксер додека не добиете хомогена смена. Покријте ја тавата со хартија за печење.

2. Ставете го тестото во шприц за готвење и во тавата за печење формирајте мали топчиња. Печете на 200 °C околу 35-40 минути.

3. Откако топчињата ќе се изладат, со нож направете мали дупки од долната страна.

4. Изматете ја павлаката, ставете ја во шприц и наполнете ги профитеролите.

5. Стопете ги чоколадото и маргаринот и можете да додадете малку масло. Ставете ги профитеролите на решетки и прелијте ги со растопеното чоколадо. Откако чоколадото ќе се здрви, можете да сервирате.

Ако немате идеја што да зготвите денес за ручек, погледнете како да направите пилешко месо со прелив и лук што се подготвува за многу кратко време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Мр. Скептик Reply

    Се разбира, нашите баби уште кога живееле по селата редовно правеле профитероли. Особен акцент ставале на чоколадото, што редовно го јаделе преку викенд.

    • Христина Видевска Reply

      Ова е рецепт од денешните модерни баби.

Остави коментар