Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!

Секоја девојка има различен вкус за мажи. На некои им се допаѓаат момци со бебешко лице, други мечтаат за партнер кој има чоколаден тен. На некои најбитна им е бојата на неговите очи, на други неговото убаво тело, на трети стилот на облекување. Секој човек несвесно испраќа голем број невербални сигнали, кои доколку научите да ги препознавате ќе ви бидат од голема полза во секое животно поле. Па така додека „плакнете очи“ гледајќи во некое згодно момче, истовремено можете да дознаете доста информации за него: каков е неговиот карактер и што навистина чувствува за вас.
.

Што значи кога тој е свртен со неговите раменици и гради накај вас?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Без разлика дали е свртен со горниот дел од телото кон вас, кон вашата пријателка или кон големата боца со пиво во кафулето во кое сте седнати на пијачка – бидете сигурни дека тоа му е најдрагото нешто во просторијата. Па доколку вие сте таа среќница кон која сексапилното момче е свртено, тогаш со сигурност ќе знаете дека му се допаѓате.
.

Што сака да каже кога ве гледа долго во очи?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Прво нешто кое ќе ви падне на ум, е дека тој е „луд“ по вас, но бидете внимателни – тој можеби само си поигрува со вас. Одржувањето поглед во очи подолго од 5 секунди не е нешто кое му доаѓа природно, затоа што сте му привлечни. Можеби употребува некоја техника на заведување, со која сака да ве наведе да имате секс со него.
.

Што мисли кога ви се насмевнува со пола уста?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Постојат големи шанси ова момче да сака малку да флертува, без притоа да има некакви сериозни намери со вас. „Насмевка со доза на иронија и потсмев е знак дека тој не е доволно искрен со вас“ – истакнува експертот за говор на телото, Пети Вуд. „Тоа е половична гестикулација. Со двете половини од неговото лице, тој ви кажува две различни приказни“ – додава таа.
.

Зошто ги поткрева веѓите кога ќе ве погледнува?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ова е добар знак. Кога маж гледа во жена која го привлекува, тој автоматски ги поткрева веѓите и притоа го збрчкува челото. Тоа трае кратко, па затоа вие ќе треба повеќе да се потрудите за да ја забележите оваа фацијална експресија.
.

Зошто ги потпира рацете на коланот?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ако го допира коланот, ги става палците во предните џебови, тој потсвесно сака да ви го сврти вниманието кон неговата „машкост“.
.

Тој стои со раширени нозе

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Момче кое често стои пред вас со раширени нозе и карлица, е дефинитивно „загреано“ за вас. Тоа е примитивен, биолошки инстинкт, за кој повеќето мажи не се свесни дека ја издава нивната намера.
.

Стои или седи со неговите стапала свртени едно кон друго

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Ова значи дека тој се чувствува малку несигурно во ваша близина. Па затоа ако забележите згодно момче кое ја прави оваа поза додека гледа во вас, значи дека е заинтересиран, но му треба некаков знак дека интересот е обостран.
.

Што значи кога ви се смешка срамежливо, со затворена уста?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Со сигурност може да се каже дека му се допаѓате, но не сака да ви ги открие неговите чувства прерано. Тој е најверојатно малку срамежлив, а можеби и несигурен кога е во ваша близина.
.

Зошто ја врти главата на страна или надолу секогаш кога ќе ви се сретнат погледите?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Наведнувањето на главата надолу или вртење на погледот на страна, е потсвесен секси знак дека машкото има чувства за девојката. Па доколку некое момче секогаш кога ќе го сретнете, срамежливо го оттргнува погледот од вас, а е повеќе од очигледно дека ве погледнувал, тоа е вашиот знак дека треба да му пријдете и да му се претставите, па дури и да му пуштите пијачка преку келнерот.
.

Што значи кога тој ви се насмевнува, поткревајќи ја неговата горна усна нагоре и притоа малце му се ѕиркаат забите?

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!Оваа фацијална експресија е учтив знак дека нему му е убаво во ваше друштво, но нема романтични чувства за вас. Но, не грижете се. Ова не значи дека неговите чувства не можат подлабоко да се развијат.
.

Прстите му се потпрени на устата, ве гледа директно во очи и ѓаволски ви се потсмевнува. Хммм…

Декодирајте ги неговите мисли уште на првиот состанок!На ваков тип на маж ќе морате да му глумите недостижна девојка доколку сакате да ја придобиете неговата љубов. Тој сака да биде ваш предизвик, за да види колку сте спремни да се борите за него. Фатете го ако можете. 🙂


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. oli Reply

    Po gej faci ne mozhele da staat

  2. Anomis Reply

    epa ako ovie ti se gay idi najdi si nekoj ropac =]] a ako si masko odnak jealous much?

Остави коментар