Дали вашите пријатели ви се вистински пријатели?

Дали вашите пријатели ви се вистински пријатели?

Понекогаш некои пријателства не вредат за целиот труд што го вложувате. Па, како да знаете за што станува збор?

Дали вашите пријатели ви се вистински пријатели?

Кога ќе почувствувате дека е време да направите поголема промена во животот, најпрво треба да се запрашате дали кој било ги поддржува вашите цели и дали има некој кој не ве поддржува.

Кога сакате да постигнете нешто, без разлика дали тоа е губење вишок килограми, започнување нова кариера или проширување на вашиот бизнис, потребно е да имате поддршка. Во овие ситуации не ви требаат негативните пријатели. Важно е да ги препознаете луѓето кои се добри за вас.

Ова се луѓето кои ве ценат и кои сакаат да успеете. Но постојат и луѓе кои секогаш наоѓаат нешто што не им одговара. Постојано се жалат за работата, пријателите, семејството, политичарите и што уште не. Не е лесно да ги препознаете бидејќи сте поминале многу време со нив. Ако сакате да сфатите кои се оние што ве поддржуваат, а кои оние што ве кочат, потребно е да си поставите неколку прашања.

  • Дали таа личност е негативна и несреќна поради својата кариера, семејство или партнер?
  • Се чувствувате ли исцрпено откако ќе поминете време со таа личност?
  • Дали оваа личност е премногу сериозна?
  • Дали има многу кризи и драми во животот на оваа личност?
  • Дали оваа личност глуми жртва во секоја ситуација?

Ако одговоривте потврдно на поголемиот дел од прашањата, најверојатно станува збор за пријател кој нема да ве поддржува. Најдоброто што можете да го направите е да се држите на растојание од оваа личност. Понекогаш потребно е на прво место да се ставите себеси и вашите потреби. Бидете горди на вашите цели и зборувајте за нив без страв. Дружете се со истомисленици, со позитивни луѓе кои ги делат вашите цели и интереси. Тие ќе ви помогнат да продолжите понатаму.

Погледнете и кои знаци покажуваат дека пријателите ви љубоморат?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар