Дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?

Дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?

Да се биде мајка е заморно, но и убаво искуство. Сè ви изгледа комплицирано, непознато и несовладливо. Првите неколку месеци се најтешки. Вие сте постојано уморни, а бебето се буди на секои два часа за да јаде и токму кога мислите дека сте стекнале рутина, се случува нешто чудно. Ви се чини дека вашето бебе сака да јаде на секои 15 минути?!

Дали вашето бебе е гладно или само сака да се гали?

Новороденчињата обично бараат да јадат на секои три часа, а понекогаш и почесто ако претходното доење било малку пократко, односно ако бебето заспало предвреме. Кога бебето ја менува рутината на јадење, не треба веднаш да се сомневате дека станува збор за сериозен проблем.

Ваквото однесување на бебето е сосема очекувано затоа што тоа се чувствува безбедно во вашите раце. Поврзувањето со вас на уникатен начин за време на хранењето е нешто непроценливо за него. Ако бебето плаче за да го земете во вашите раце и ја отвора устата како да е гладно, но не цица, туку повеќе си игра со вашите гради, тоа значи дека бара внимание.

Бебето ги поминува деновите во јадење, спиење, пресоблекување и така во круг, сè додека не започне да го сфаќа вашето присуство. Во тој момент, тоа чувствува дека покрај тие три активности, постои и друга – мајчинскиот допир. Ако вашето бебе почне да плаче за да го кренете в раце по 15 минути по доењето и единствениот начин на кој може да се смири е повторно доењето, тоа значи дека си игра со вас.

Педијатрите посочуваат дека адаптираното млеко нема да му помогне вашето бебе да не биде гладно и да ја намали желбата за млеко. Тоа не е гладно. Ако бебето нема проблеми со зголемување на телесната тежина, тоа е јасна потврда дека вашето млеко е квалитетно и дека бебето едноставно сака да се гушка со вас.

Прочитајте колку часови треба да спие бебето за здрав сон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар