Дали сте слабокрвни и како да препознаете недостаток на железо во организмот?

Дали сте слабокрвни и како да препознаете недостаток на железо во организмот?

Железото е едно од најважните нешта во нашето тело и тоа е неопходно за произведување хемоглобин, пренесување кислородот и сите останати хранливи состојки до клетките во организмот, а една од последиците на недостаток на железо е слабокрвноста, односно анемија. Личностите кои патат од недостаток на железо брзо се заморуваат, бидејќи им недостига кислород во организмот. Без доволно железо, телесното гориво не може правилно да се синтетизира.

2-dali-ste-slabokrvni-i-kako-da-prepoznaete-nedostatok-na-zhelezo-vo-organizmot-www.kafepauza.mk_

Според истражувањата, дури 9% од жените патат од недостаток на железо, а тој процент е уште поголем доколку предвид се земат физичко активните припаднички на женскиот пол. Лошата и неадекватната исхрана е една од најчестите причини за недостаток на железо, а потоа се наведуваат и други причини како што се прекумерното губење крв, неспособноста за произведување хемоглобин и така натаму. Доколку сакате да дознаете дали патите од недостаток на железо, тогаш послушајте ги сигналите кои ви ги испраќа телото. Ви откриваме неколку од најчестите симптоми кои би можеле да укажуваат дека ви фали железо во организмот.

1. Хроничен замор

Телото го користи железото за да создади хемоглобин, супстанци во црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот. Ако крвните клетки не се доволно здрави, тогаш ќе почнете да се чувствувате исцрпено и уморно.

2. Ослабен имунолошки систем

Ако сте често болни, особено ако имате проблеми со настинките и слични воспаленија, тоа би можело да биде уште еден од симптомите за недостаток на железо.

3. Проблеми со концентрацијата

Кај личностите кои имаат недостаток на железо може да се промени синтезата на невротрансмитерите, што доведува до нарушување на концентрацијата.

4. Промени на расположението

Недостатокот на железо може да влијае и на вашиот позитивен живот, односно да ги наруши односите, бидејќи предизвикува чувство на апатија кон секого – партнерот, семејството, пријателите…

5. Останување без воздух

Ова може да ви се случи додека вежбате, но дури и во текот на лесните прошетки или некој помал напор. Без доволно железо во крвта, вашето тело ќе биде гладно за кислород.

6. Изгледате исцрпено

Бледа, сува и уморна кожа, поточно исцрпен изглед е уште еден од симптомите кои може да укажуваат на недостаток на железо. Заморот може да биде предизвикан од намаленото дотекување на крвта и бројот на црвените крвни клетки.

7. Болка во мускулите

Недостатокот на железо може лошо да влијае на вашите мускули, односно да предизвика болка после вежбањето.

8. Кршливи нокти и коса

Кревките и слаби нокти или слабата коса се уште еден од симптомите кои може да се појават кај личностите на кои им недостига железо.

Причини за недостаток на железо може да биде бременоста, губењето крв, исхраната која е сиромашна со железо, неможноста за апсорпција на железото (кај Кронова болест или целијакија), но и кај други разни болести (леукемија, хемороиди, рак на желудникот).

Во ризична група спаѓаат постарите луѓе, жените (особено оние со обилни менструации), трудниците. Лечењето секако зависи од причината за недостаток на железо. Ако овој недостатокот не се лекува, тогаш симптомите може да се влошат. Причините треба што порано да се идентификуваат, особено кај постарите пациенти кои се најподложни за појава на разни болести. Се препорачува да земате додатоци во исхраната, а добро е да се спомене дека млекото ја намалува апсорпцијата на железото, додека витаминот Ц помага при зголемување на апсорпцијата на железото и е важен во создавањето хемоглобин.

Намирниците кои изобилуваат со железо се црвеното месо, рибата, овошјето, зеленчукот, гравот, оревите и житарките. Личностите кои патат од недостаток на железо би требало да го избегнуваат кафето, чајот и другите пијалаци со кофеин, бидејќи ја намалуваат апсорпцијата на железо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар