Дали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми? - Part 2

Дали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми?

Дали сте ја испробале најсилната, најбрзата и најефикасната техника за справување со емоционалните трауми?

Како да се лекува траумата?

Нашето главно прашање кога се соочуваме со симптомите на траума треба да биде: Што ми се случува? (наместо: Зошто ми е лошо?).

На почетокот на нашето патување до емоционално заздравување, треба да пронајдеме стручно лице кое ќе ни помогне полесно да поминеме низ непријатното искуство.

Зрелиот пристап и целосната посветеност на мисијата за емоционално заздравување се клучни.

Секогаш треба да имаме некој со кој ќе го споделиме трауматичното искуство.

Психолозите и психијатрите им помагаат на пациентите не само да зборуваат за својата траума, туку и да навлезат во неа.

Исто така, важна работа на која треба да се обрне внимание при изборот на модалитетот на лекување е структурата на сесиите. При емоционалното заздравување од траума, важно е да се избере соодветен временски распоред на сесиите затоа што невозможно е да направиме временски распоред на нашите емоции.

Пет главни чекори за надминување на траумaтa

  1. Создавање на „безбедно пристаниште“ во вашиот мозок (пронајдете начин како да се чувствувате сигурни во себе)
  2. Емоционална валидација (секогаш бидете си поддршка на себеси)
  3. Препознавање на вашите емоции
  4. Ослободување од негативните чувства
  5. Емоционално прочистување од сите настани и состојби кои се за вас потенцијални предизвикувачи на траума.

Погрижете се за себе пред да им се посветите на другите. Вашето емоционално здравје треба секогаш да ви биде на прво место.

Можеби сакате да дознаете и каде да се обратите за помош при емоционални потешкотии?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар