Дали комбухата може да ги ублажи симптомите на менопаузата?

Дали комбухата може да ги ублажи симптомите на менопаузата?

Експертите откриле дека комбухата може значително да им помогне на жените да се справат со непријатните симптоми на менопаузата. Но, првин да откриеме што претставува комбухата и на кој начин таа може да влијае врз здравјето.

Дали комбухата може да ги ублажи симптомите на менопаузата?

Овој пијалак стана вистински хит во последните неколку години благодарение на неговото благотворно влијание врз цревната флора и имунитетот. Станува збор за ферментиран чај кој потекнува од античка Кина, каде со векови се користел како еликсир.

Содржи пробиотици и затоа има големо влијание врз варењето и виталноста на организмот. Се карактеризира со кисел вкус кој потсетува на оцет и како резултат на ферментацијата има и одреден процент на алкохол, иако комерцијално произведената комбуха нема доволно количество алкохол за да се класифицира како алкохолен пијалак, важно е да бидете свесни за овој факт.

Комбуха и менопауза

Не се направени доволно истражувања за да се документира ефектот на комбуха врз симптомите на менопауза, но нејзините докажани придобивки кореспондираат со некои вообичаени симптоми на менопауза, па затоа може да помогне во нивно ублажување.

Дигестивни проблеми

За време на менопаузата, доаѓа до намалено производство на одредени хормони кои влијаат на брзината и ефикасноста на варењето на храната, што може да доведе до надуеност, гасови, гадење, дијареја или запек. Според нутриционистот Лиза Ричардс, комбухата изобилува со бактерии кои се добри за цревната флора, го поддржуваат процесот на варење, но претставуваат и дополнителен извор на енергија. Д-р Су Нуи Ескобар, диететичар и експерт за менопауза, вели дека пробиотиците во комбухата можат да бидат корисни и за жените кои имаат проблеми со надуеност и запек бидејќи го поттикнуваат движењето на дебелото црево и исфрлањето на гасовите.

Менување на расположението

За време на менопаузата се менува работата и излачувањето на хормоните, а тоа особено важи за естрогенот. Влијаат и сите флуктуации на хормоните, а тоа се забележува преку производството на серотонин што многу влијае на расположението. Промената на расположението во комбинација со несоница може да доведе до анксиозност и депресија. Лиза Ричардс објаснува дека постои врска помеѓу мозокот и цревата – што значи дека здравјето на нашиот микробиом влијае врз нашиот нервен систем. Комбухата, од друга страна, е богата со пробиотици и придонесува за здравјето на цревата, а со тоа и индиректно на мозокот.

Топли бранови и ноќно потење

И овие два симптоми се заеднички за многу жени кои минуваат низ менопауза и се предизвикани од флуктуациите на хормоните што му отежнуваат на телото да ја регулира температурата. Д-р Ескобар наведува дека комбухата може да ја намали зачестеноста на топли бранови и ноќно потење како и нивниот интензитет.
Сепак, пред да ја воведете комбухата во вашата рутина, имајте на ум дека е важно да ја користите умерено бидејќи прекумерното консумирање може да доведе до болки во стомакот и гасови, а подобро е да ја одбегнувате доколку сте чувствителни на алкохол и кофеин.

Откако прочитавте за ублажувачкото дејство на комбухата, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар