Дали е пожелно да се пие вода за време на тренинг?
Редовната хидратација е важна за функционирањето на нашиот организам, а консумирањето вода е особено важно за оние кои вежбаат бидејќи на тој начин ги надополнуваат течностите во телото кои се губат при вежбањето. Сепак, се поставува прашањето дали е здраво да се пие вода за време на вежбање или само пред и потоа?
Експертите наведуваат дека е неопходно да се пие вода пред, после и за време на самиот тренинг. Човечкото тело се состои од повеќе од 70 проценти вода, а без соодветна хидратација секој ден, телото не може да функционира.
Освен тоа, несоодветната количина на вода која се внесува во телото може да предизвика многу здравствени проблеми како што се дехидрација, камења во жолчката и дигестивни нарушувања. Водата помага во одржување на нормалната телесна температура и обезбедува заштита на ‘рбетот и ткивата.
За време на вежбањето водата помага и во одржување на нормалното ниво на гликоза во крвта. Затоа, спортистите и рекреативците треба да пијат доволно течности за време и по вежбањето, за да се балансира загубата на вода во организмот, истакнуваат експертите.
Најдобар начин да проверите дали пиете доволно вода на дневна основа е да внимавате на бојата на урината. Ако бојата е светло жолта или безбојна, тоа значи дека имате доволно вода во телото, но ако бојата е темно жолта или златна, тоа е показател дека треба веднаш да почнете да пиете повеќе вода.
Откако прочитавте зошто е важно да пиете вода додека тренирате, можеби ќе сакате да прочитате и за 11-те предупредувачки знаци дека не пиете доволно вода.
Извор: citymagazine.danas.rs