Дали бинауралните тонови навистина помагаат со спиењето?

Дали бинауралните тонови навистина помагаат со спиењето?

Иако сте пробале веќе сè, изгледа дека добриот сон е навистина недостижен. Можеби решението на овој проблем е да ја обновите вашата плејлиста и да додадете бинаурални тонови.

Дали бинауралните тонови навистина помагаат со спиењето?

Бинауралните тонови се однесуваат на начинот на кој нашиот мозок ја перципира разликата помеѓу две малку различни фреквенции звук кои се пуштаат во двете уши како еден тон. На пример, имате тон од 300 херци во едното и тон од 290 херци во другото уво. Интересно е што вашиот мозок ќе апсорбира и ќе процесира тон од 10 херци. Ова е звучен бран со многу ниска фреквенција што всушност не можете да ја чуете, но сепак има ефект на вашиот мозок.

„Истражувањата покажуваат дека слушањето на овие звуци кои создаваат тон со ниска фреквенција ја намалуваат мозочната активност. Ова може да ви помогне да се релаксирате, да ја намалите анксиозноста и полесно да заспиете“, изјавил доктор Мајкл Брус.

Но овде не станува збор само за забавување на мозочните бранови. Едно истражување ја пронашло врската помеѓу слушањето бинаурални тонови и 3 хормони поврзани со спиењето. Поконкретно, испитаниците кои ги слушале тоновите имале намалување на хормонот за стрес кортизол и зголемување на нивото на ДХЕА и мелатонин, хормони кои го поттикнуваат спиењето.

За и самите да ги почувствувате ефектите, можете да ги најдете овие тонови на Јутјуб. Набавете квалитетни слушалки и слушајте ги неколку недели пред спиење. Можеби нема да го решите проблемот, но нема да изгубите ништо и ако само пробате.

Пробајте го и овој трик што ќе ви помогне да заспиете за само 6 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар