Цветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништо

Цветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништо

Ако овие денови прошетате низ кој било пазар, цвеќарница или поголем трговски центар, ќе наидете на мали цветни растенија во бела, виолетова, розова и црвена боја кои сега се поубави од кога било. Станува збор за цвеќето ерика кое доаѓа до израз кога другите растенија се подготвуваат за зимски одмор. Во продолжение прочитајте зошто ериките се најдобриот можен украс на балконот во текот на зимата.

Цветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништо

1. Сакаат ниски температури

Најчестата причина зошто многу луѓе го одбираат ова цвеќе е тоа што му одговараат ниските температури. Имено, температурата која се движи помеѓу 5 и 15 °С е идеална за неговиот раст и развој.

Ериката сака повремено изложување на сонце и во тој случај може да ја смени бојата, но не е клучно за нејзиното цветање. Дури и ако вашиот балкон е свртен кон северната страна или ако е изложена само еден или два часа на сончева светлина во текот на зимските месеци, на ериката нема да ѝ пречи тоа.

2. Тие му даваат неодолива боја на балконот

Ериките ги има во бела, розова, виолетова и црвена боја. Во време кога балконот е празен и зеленилото исчезнува од него, ериката ќе му даде неодолива боја што ќе го разубави дури и најмрачниот зимски ден.

Тие се идеални за меѓусебно комбинирање, но во саксијата треба да има најмалку 15 центиметри простор за развој на коренот, така што може да се добијат многу комбинации на бои, во зависност од вашиот вкус или од бојата на балконот.

Цветен балкон и во есен: Прекрасен цвет на кој студот и маглата не му можат ништо

3. Многу се лесни за одржување

Друга предност е што тие навистина бараат минимално внимание, а даваат многу. Имено, откако ќе ги засадите ериките во саксии, кои мора да имаат дупки на дното за што подобра дренажа, ќе треба да ги наводнувате само еднаш или двапати неделно.Откако ќе се навикнат на своето ново опкружување по неколку седмици, доволно е да ги наводнувате само еднаш на секои седум дена.

Освен добро дренирана почва и повремено сонце, на ова цвеќе не му требаат други посебни услови. Дополнителното ѓубриво може само да му наштети, па експертите советуваат дека треба да се избегнува.

По зимските месеци, потребно е само да се откинат сите исушени цветови и гранчиња за да се овозможи растот на нови пролетни цвеќиња.

Погледнете со кои цвеќиња балконот ќе изгледа магично во текот на есента.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар