Црно злато: Вкусна крем торта од кафе
Омилениот црн пијалак, неизбежниот дел од утринскиот ритуал, го нашол својот пат и до омилениот десерт…
Потребни состојки:
За тестото:
- 3 јајца
- 120 грама шеќер во прав
- 2 белки
- 120 грама брашно
- 1/2 лажичка цимет
- 1 лажичка мелено кафе
- 1 лажичка прашок за печиво
За филот:
- 100 грама путер
- 150 грама путер од кикирики
- 2 лажици шеќер
- 100 милилитри слатка павлака
За преливот:
- 100 грама чоколадо
- 1 лажичка путер
- 2 лажички вода
- Шеќер во прав, по вкус
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете го јајцето со шеќерот, така што претходно ќе ја издвоите белката и посебно ќе ја изматите. Брашното измешајте го со циметот, кафето и прашокот за печиво, па потоа додајте го на јајцето, заедно со пената од белката. Смесата сипете ја во калап кој е намачкан со масло и печете во рерна 40-тина минути. Откако ќе завршите, оставете го тестото да се олади.
За филот, изматете ги двата видови путер со шеќерот и потоа додајте ги на слатката павлака. Измешајте добро.
Тестото пресечете го на 3 дела, со цел да добиете 3 паралелни кори. Поставете ја едната, па врз неа додајте од филот, а потоа повторете го истото и со втората. Поставете ја и третата кора, но врз неа додадете го преливот, кој ќе го направите така што ќе го стопите чоколадото со малку вода, шеќер и путер. Премачкајте ја тортата со него и оставете во фрижидер најмалку 3 часа пред служење.