Црно-бел свет: 18 изгледи со кои ќе маѓепсувате само со поглед
Комбинациите со силни бои некогаш можат и да станат здодевни, затоа убаво е одвреме-навреме да направиме неколку минималистички комбинации. Иако звучи малку банално, голем дел од модата оваа сезона се концентрира на црно-белите комбинации.
Белата маица со црно здолниште со А крој е одлична идеја, или црн фустан со бело палто, црни високи потпетици и чанта – ова се едноставни, софистицирани, безвременски изгледи и добитна комбинација во играта со трендовите.
Уште една моќна комбинација е белата кошула и блејзерот со црни пантолони. Ако точно знаете како да ја носите, нема никаква шанса ваквиот изглед да биде здодевен.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.