Чисти четки за беспрекорна шминка: Како правилно да ги исчистите?

Чисти четки за беспрекорна шминка: Како правилно да ги исчистите?

Да, сите обожаваме да се шминкаме и да изгледаме совршено, но колку што е важно да се грижиме за себеси, подеднакво важно е да се грижиме и за нашите алатки. Знаеме, знаеме, ќе изнајдете глупави изговори зошто не сте ги исчистиле четките за шминкање, но сетете се дека колку ви се почисти четките толку се помали шансите да имате проблеми со кожата. А верувајте дека нечистите четки можат да доведат до сериозни дерматолошки проблеми.

0-cisti-cetki-za-besprekorna-sminka-kako-da-gi-iscistite-kafepauza.mk

Потребно:

  • Бебешки шампон
  • Нечисти четки

1. Поминете ги четките низ млака вода

Запомнете дека е многу важно влакненцата да бидат насочени надолу, избегнувајќи го пределот каде рачката се спојува со главата. Ако навлезе вода во овој дел може да се разреди лепакот кој ги држи влакната од четката заедно.

2. Нанесете мала количина бебешки шампон на дланките

Доволно е количината да биде колку една паричка.

3. Вртете ги четките во шампонот

Сѐ додека не почувствувате дека се чисти, т.е. сѐ додека не излегува повеќе нечистотија.

1-cisti-cetki-za-besprekorna-sminka-kako-da-gi-iscistite-kafepauza.mk

4. Откако целата нечистотија е излезена, уште еднаш поминете ја четката низ млака вода

Исцедете го вишокот вода од четката така што ќе ја поминувате помеѓу палецот и страничната страна на показалецот. Ако водата е нечиста, повторете го процесот уште еднаш. Кога водата излегува чиста, тогаш знаете дека добро сте ги измиле и можете да преминете на следниот чекор.

5. Не заборавајте да ги чистите и останати алатки за шминкање, како виткачот за трепки

Повторно земете малку бебешки шампон и втријте го на виткачот, а потоа исплакнете го.

6. Поставете ги четките да се сушат

Крпче или тоалетна хартија е сосема во ред,но внимавајте влакненцата да не ја изгубат својата форма.

2-cisti-cetki-za-besprekorna-sminka-kako-da-gi-iscistite-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар