Претходно
Чурос: Вкусни шпански крофни
Вкусните шпански крофни наречени чурос, најдобро е да ги јадете кога сѐ уште се топли. Нивната надворешна страна е крцкава и покриена со цимет и шеќер, а внатрешноста е мека. Шпанците ги сакаат со чоколаден сос, но и без сосот тие се исто толку вкусни!
Потребни состојки:
За тестото:
- 240 милилитри вода
- 2 лажици гранулиран шеќер
- 2 лажици растително масло
- ½ лажичка сол
- 125 г брашно
- 470 милилитри растително масло (за пржењето)
Глазура:
- 100 г гранулиран шеќер
- 2 лажички цимет
Начин на подготовка:
- Во тенџере со средна големина додадете го растителното масло. Оставете го да се загрее и да достигне до 375 степени. Проверете со термометар. Ако не сакате да го потрошите целото масло за пржење во големо тенџере, можете да користите мало и да пржите по 2 до 3 крофни.
- Земете чинија и покријте ја со хартиени крпи за да се исцедат крофните од маслото откако ќе ги испржите.
- Измешајте го циметот и шеќерот во сад што одговара на големината на крофните.
- Во друго тенџере, додадете ја водата, маслото, шеќерот и солта. Оставете да зоврие на средна топлина.
- Откако ќе зоврие, ставете ја смесата во брашното и мешајте. Кога ќе формирате топка тесто, оставете го да се олади 1 до 2 минути.
- Ставете го тестото во шприц и полека правете ленти долги 5 до 10 цм и ставајте ги во врелото масло. Користејќи нож, отсечете ги краевите за да може тестото полесно да се спушти во маслото.
- Оставете го тестото да се пржи околу 2 минути додека не добие златно кафеава боја.
- Извадете ги крофните и ставете ги на хартиена крпа за 1 минута.
- Извалкајте ги во смесата од цимер и шеќер и уживајте.
Погледнете го и овој рецепт за посни крофни со шлаг.