Чоколадно смуди за доручек

Чоколадно смуди за појадок

Можете ли да замислите подобар начин за почеток на денот?

Чоколадно смуди за доручек

Потребни состојки:
  • 1/2 авокадо
  • 1/2 банана
  • 1 супена лажица какао
  • 60 милилитри млеко
  • 1 мала лажичка мака во прав
  • Боровинки (за декорација)
  • Семе од коноп (за декорација)
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во вашиот блендер (со исклучок на оние за декорација) и мешајте сè додека не добиете мазна и кремава мешавина. Доколку сакате вашето смуди да биде потечно слободно додадете повеќе млеко, а ако ви е премногу течно – додадете уште малку банана и/или авокадо. Подготвената мешавина сипете ја во чаша и декорирајте ја со боровинките и семето од коноп.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар