Чоколадни банани што секој може да ги направи дома

Чоколадни банани што секој може да ги направи дома

Некои рецепти бараат многу време, додека други лесно се подготвуваат за само неколку минути и од само неколку состојки, како овие чоколадни банани со кикиритки.

Ова е многу лесен рецепт што речиси секој може да го направи. Најтешкиот дел? Чекањето да се зацврсти чоколадото!

Чоколадото и бананата се совршен пар. Кога ќе додадете вкус на кикиритки, ќе добиете опасно добра комбинација што потсетува на здрава верзија на популарното чоколадо Сникерс.

Чоколадни банани што секој може да ги направи дома

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 4 лажици путер од кикиритки
  • 150 гр чоколадо
  • 50 гр кикиритки

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ја бананата на мали парчиња. Вметнете чепкалка за заби во секое парче.
  2. Ставете путер од кикиритки на едната страна од бананата, а потоа таа страна се потопува во мелени кикиритки.
  3. Стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа и натопете ги бананите во чоколадото.
  4. Ставете ги бананите на хартија за печење и ставете го чоколадото во замрзнувач 10 минути или во фрижидер околу 20 минути. Добар апетит!

Совет плус:

Наместо путер од кикиритки, можете да користите путер од бадем, лешник или индиски ореви, а бананите да ги украсите по желба.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој неодолив шведски десерт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар