Претходно
„Чоколадна кростата“ – италијански класичен десерт кој ќе ве воодушеви со вкусот
Ова е еден од класичните десерти на италијанската кујна, а начинот на подготовка е навистина едноставен. Подгответе го крцкавото тесто, додајте го филот од чоколадо и бадеми и ставете го десертот во рерна. Додека чекате тестото да се испече, изматете слатка павлака која ќе биде одличен контраст на чоколадното полнење и наросете со бадеми.
Полесно не може да биде, а еве ги и точните мери и начинот на подготовка на овој десерт:
За тестото:
- 400 г брашно
- 3 јајца
- 150 г шеќер
- 150 г путер
За филот:
- 200 г чоколадо со 70% какао
- 100 г млеко
- 100 г шеќер
- 30 г бадеми
Начин на подготовка:
- Ставете го брашното на работната површина и направете дупка во средина.
- Истурете ги разматените јајца, додајте го шеќерот и сè добро промешајте.
- Додајте ладен путер сечкан на коцки.
- Месете го тестото од 3 до 5 минути. Работете брзо за путерот да не се растопи зашто тестото треба да остане кревко.
- Завиткајте го во фолија и замрзнете го ( околу 30 мин.)
- Поделете го тестото на пола.
- Расукајте го тестото во форма на круг.
- Ставете го тестото во подмачкан плех за печење.
- Растопете го чоколадото и додадете го млекото, шеќерот и сечканите бадеми.
- Малку изладете го филот и истурете го врз тестото. Претходно, тестото издупчете го со вилушка на неколку места.
- Расукајте го остатокот од тестото, исечете ги на ленти и прекријте ја питата со лентите.
- Печете го десертот на 180 °С од 40 до 45 минути, па изладете го и сервирајте го во комбинација со изматена слатка павлака.
Добар апетит!
Можеби сакате да го дознаете и рецептот за тортата „Арапска бајка“: совршен кремаст десерт.