Чоколадирани замрзнати банани

Чоколадирани замрзнати банани

Вкусна закуска полна со витамини за целото семејство

Чоколадирани замрзнати банани

Потребни состојки:
  • Банани (скоро презреани)
  • Чоколада
  • Шарени трошки, мелена плазма, мелени ореви или лешници (состојки по ваш избор кои би ги искористиле за украсување)
  • Дрвени стапчиња за сладолед

Чоколадирани замрзнати банани

Начин на подготовка:

Излупете ги бананите и пресечете ги на пола. Боцнете ги половинките банани на дрвените стапчиња, а потоа поставете ги на чинија обложена со хартија за готвење и оставете ги да се замрзнат во замрзнувач.

Чоколадото искршете го на парчиња и растопете го на тивок оган. Потоа оставете го на страна да се олади. Додека стопената чоколада се лади, извадете ги состојките за украсување. Може да одберете мелени ореви или лешници, мелена плазма, шарени трошки и сл. Тоа е ваш избор и го препуштаме на вашиот вкус и креативност.

Извадете ги бананите од замрзнувачот и потопете ги во стопеното чоколадо, а веднаш потоа извалкајте ги во трошките за украсување.

Потоа вратете ги украсените банани во замрзнувач да се замрзнат повторно. Послужете ги како десерт или закуска.

Чоколадирани замрзнати банани Чоколадирани замрзнати банани


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар