Чоколаден тост со путер од кикирики
За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.
Потребни состојки:
- 2 парчиња леб
- 2 големи лажици путер од кикирики
- пола банана
- 60 г чоколадо за готвење
- 1 лажица стопен путер
Начин на подготовка:
Двете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.
Половина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.
Преклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kade moze da se najde puter od kikiritki? i kolku pari e od prilika?
Sanja, путер со кикирики има во секој поголем маркет. Во тинекс, на пример има на Svislion и чини 60 денари.
segde moze da najdes =] ali eve u vero ili ramstor mora da ima i ne e mn pari, ama nema da zazalis ako go kupis =] ja taka so lazica si go jadam hahah mn e ubav,
ima i makedonsko proizvodstvo…na vitaminka mislam deka e!!!
na vitaminka e 54 denara u tinkes. U vero e poskap
A kolku kalorii e sevo ova? Posto mi izgleda kako kaloricna bomba 🙂
mnoguuuuuu 😀
Многу калории има путерот на кикирики така да отприлика во 2 лепчиња би требало околу 900 калории да има.
Токму така…!
Пробано…. и убо ама 1 тост за двајца е доволно два се Многу многу
а може ли без банана ???
сакам да направам ама моментално немам банана дома,незнам дали ќе биде убаво така
Како и за секој рецепт, јадењето најубаво излегува кога ќе се употребат сите состојки. Бананата го разбива тешкиот вкус од чоколадото и путерот од кикирики и го му дава посебен шмек.
i mene mnogu mi se dopaga jas sekoj den po edno toshce si nosam vo ucilishte…uhhhhu
Одлична комбинација на состојки. Денес ќе правам по втор пат, во право бевте дека ова не е нешто што ќе го пробаш еднаш. 🙂 Фала за рецептот!
Eee jas duri sega go vidov ovoj recept i bas gi imam site sostojki, ke go probam utre za dorucek! 🙂