Чизкејк со малини што не се пече
Не ви е потребна рерна за да ја направите совршената чизкејк торта. За овој едноставен, но многу вкусен десерт ќе ви биде потребно многу малку време. Погледнете го најлесниот рецепт што постои.
Состојки:
- 200 грама бисквити
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици несолен путер, растопен
- 500 грама крем сирење
- 400 грама шеќер во прав
- 350 грама хопла
- Кора од 1 лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 600 грама малини
Подготовка:
1. Издробете ги бисквитите и измешајте ги со 1 лажица шеќер. Додајте го путерот и продолжете со мешање. Смесата ставете ја во тава и добро притиснете. Ставете ја во замрзнувач околу 10 минути.
2. Измешајте ги крем сирењето, шеќерот во прав, хоплата, кората од лимон и екстрактот од ванила, па матете додека не добиете хомогена смеса. Нанесете ја смесата врз тестото од бисквити и оставете ја тортата во фрижидерот околу 3 часа.
3. Измешајте половина од малините со 3-те лажици шеќер во мал сад. Гответе ги додека не добиете сос. Тргнете од оган и додајте ги останатите малини. Оставете го преливот барем 30 минути да се излади.
4. На крај, ставете го преливот врз тортата.
Добар апетит!
Погледнете го и овој едноставен рецепт за чизкејк со Нутела.