Претходно
Чизкејк од банана и пудинг за кој ви се портебни само 20 минути
Овој вкусен десерт е одличен за љубителите на бананите и ванилата.
Потребни состојки:
- 200 грама сомелен интегрален кекс
- 30 грама шеќер
- 60 грама растопен маргарин
- 80 грама шеќер
- 40 грама брашно
- 1 прстофат сол
- 500 милилитри млеко
- 3 изматени жолчки
- 1,5 лажички екстракт од ванила
- 500 грама крем сирење на собна температура
- 4 исечени банани
Начин на подготовка
- Загрејте ја рерната на 250 степени.
- Во голем сад измешајте ги кексот и 30 грама шеќер и добро промешајте. Додајте го маргаринот и повторно промешајте. Ставете ја смесата во калап за торта или пита и притиснете ја.
- Печете околу 7 минути, односно додека не добие боја, а потоа оставете добро да се излади.
- За пудингот од ванила во големо тенџере измешајте 80 грама шеќер, брашно и прстофат сол. Измешајте го млекото со жолчките и постепено додавајте го во тенџерето. Гответе на тивок оган додека смесата не стане густа.
- Тргнете го тенџерето од оган и додајте го екстрактот од ванила.
- Добро измешајте го крем сирењето, па додајте го во пудингот и добро промешајте.
- На испечената подлога наредете од исечените банани, па прелијте со пудингот. Повторувајте додека не ја потрошите целата смеса. Горниот слој нека биде пудинг.
- Ставете го чизкејкот фрижидер и оставете го неколку часа.
Доколку немате многу време за готвење, пробајте го овој мини чизкејк што се подготвува за само 5 минути.