Четири комбинации со кожна облека за оваа есен
Од кратки здолништа и фустани, па сè до блузи и јакни, вештачката кожа преовладува во есен. Додека гледате како парчињата кожна облека се појавуваат по излозите на бутиците, еве неколку идеи за совршени комбинации со облека од вештачка кожа за секоја пригода.
1. Излегување со пријатели
Иако кожните хеланки се малку комплицирани за облекување, мора да признаеме дека им даваат супер изглед на нозете. Ова е опуштена комбинација, па одберете широка еднобојна блуза и кошула која ќе биде неколку броја поголема од вашиот точен број за да се чувствувате и изгледате опуштено. Облечете и балетанки за да се задржите до кежуал изглед, плетено капче за есенски шмек и едноставно сребрено ланче како аксесоар.
2. Состанок
Веќе не зборуваме само за класични кожни јакни. Оваа есен тие се во различни бои и дезени и поженствени од кога и да било. Кога одите на состанок во есен женственото нека доаѓа повеќе до израз. Едноставен фустан, високи потпетици над глуждовите, свилени класични хулахопки, светкави обетки… и слободно заведувајте.
3. Во училиште или на факултет
Кежуал и тренди изглед. Одберете тесни фармерки, кожна блуза, ниски обувки, широко џемперче и подготвени сте за во школо. Како аксесоари употребете округли обетки или алки и часовник.
4. За забава
На забава се ослободувате од вашите грижи и проблеми, дојдени сте да се опуштите, а едноставен модел на кожен фустан целосно се вклопува во изгледот. „Зачинете“ го со впечатлив ремен и обувки во друга боја за да ја нарушат монотонијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.