Претходно
Чаша полна со енергија: Зелен пијалак за борба против пролетниот умор
Често зевање, безволност, брзо уморување… ова се само дел од симптомите што ги чувствуваме во периодот меѓу зимата и пролетта. Оваа состојба е позната и како пролетен умор, па доколку сакате брзо да го подигнете нивото на енергијата, притоа подобрувајќи си го и здравјето, пробајте го овој одличен рецепт!
Потребни состојки:
- 200 милилитри вода
- 4 поголеми листови од блитва
- 1 изрендан морков со средна големина
- 1 исцеден портокал
- 1 лажичка мед
- 2 лажички лимонов сок
- 1/2 лажичка куркума
- Прстофат изрендано цвекло
- Прстофат изрендан ѓумбир
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер или во соковник, добро изматете и уживајте во енергетската бомба полна со здравје! Добар апетит.
Пробајте го и ова здраво и вкусно смуди што ќе ви го намали апетитот!