Брзо и едноставно: Направете неодолива фризура со плетенки!

Брзо и едноставно: Направете неодолива фризура со плетенки!

Ако посакувате фризура која ќе одговара за повеќе пригоди, плус е лесна за правење и изгледа тотално неодоливо, тогаш оваа идеја е идеална за вас! Оваа фризура одговара за секоја прилика, без разлика дали ќе ја направите за излегување на прошета, за на плажа или пак за на работа. Сѐ зависи од тоа каква гардероба ќе изберете. Најважно е тоа што косата ќе ви биде тргната од лицето, а вие ќе изгледате уредно и убаво.

1-brzo-i-ednostavno-napravete-neodoliva-frizura-so-pletenki-www.kafepauza.mk_

1. Најпрво, наместете го патецот на страна и одвојте еден подебел прамен. Најдобро е остатокот од косата да го соберете за да не ви смета додека работите на предниот дел. Сплетете плетенка од косата која ја одвоивте. Обидете се плетенката да се движи по линијата на лицето.

2-brzo-i-ednostavno-napravete-neodoliva-frizura-so-pletenki-www.kafepauza.mk_

2. Кога со плетењето ќе стигнете до увото, треба да престанете. Значи, исплетете плетенка до половина прамен.

3-brzo-i-ednostavno-napravete-neodoliva-frizura-so-pletenki-www.kafepauza.mk_

3. Истото направете го и со другата страна, па на крај спојте ги двете плетенки и врзете ги во опавче. Извлечете еден прамен за да го замотате околу ластикот.

4-brzo-i-ednostavno-napravete-neodoliva-frizura-so-pletenki-www.kafepauza.mk_

Резултатот е одличен, а ние ви предлагаме оваа фризура да ја носите во бохо стил, бидејќи така делува навистина романтично.

5-brzo-i-ednostavno-napravete-neodoliva-frizura-so-pletenki-www.kafepauza.mk_

За уште подобар ефект, додадете интересен детаљ како што се цветовите или некој друг украс за коса.

(C) Jennifer Coffey


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар