Брз и вкусен летен оброк: Печени пиперки во павлака

Брз и вкусен летен оброк: Печени пиперки во павлака

Ќе уживате во секој залак.

Брз и вкусен летен оброк: Печени пиперки во павлака

Потребни состојки:

  • 6 пиперки
  • 50 мл масло
  • сол и бибер
  • 3-4 чешниња лук
  • 200 мл кисела павлака

Начин на подготовка:

Измијте ги пиперките, па прободете ги на 5-6 места со виљушка.

Ставете масло во тава, ставете ја на средна топлина и ставете ги пиперките. Покријте ги и оставете ги десет минути, додека маслото се загрева и додека се печат од едната страна. Потоа свртете ги пиперките и печете ги од сите страни.

Кога пиперките ќе бидат испечени, тргнете ги од огнот, фатете ја секоја за дршката и расечете ја од средината надолу, така што сокот ќе излезе во тавата или во некој друг сад.

Во друг сад измешајте ги киселата павлака, лукот, солта и биберот и со лажица ставајте од смесата во пиперките.

Потоа, превртете ги пиперките, така што киселата павлака ќе се измеша со сокот што го испуштиле пиперките.

Погледнете како да направите и полнети домати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар