Боите во светот на модата што ќе ја освојат новата сезона

Боите во светот на модата што ќе ја освојат новата сезона

Пристигнува она годишно време во кое можеме да си играме со модните комбинации, боите и аксесоарите за да создадеме позанимлив и пооригинален изглед кој ќе нè издвои од толпата. Уште само неколку денови до пролетта каде што сѐ „пука“ од бои! Кончено можеме да заборавиме на темните, досадни нијанси и да се препуштиме на колоритноста. Но, што ќе носиме оваа пролет? Кои бои ќе доминираат? Подгответе се и запишете ги овие бои во вашиот моден тефтер.

1-koi-boi-kje-dominiraat-vo-novata-sezona-koja-e-pred-nas-www.kafepauza.mk_

1. Сина

Слободно можеме да кажеме дека во оваа пролет ќе доминираат сите нијанси на сината боја. Темни, светли, морски, пастелни, електрични, кралски… Доаѓаат предвид сите нијанси што можете да ги замислите. Освен тоа што ќе ја вклучите сината боја во вашите модни комбинации, можете да ја вклучите и во вашата бјути рутина со тоа што ќе изберете сина сенка за очи, маскара, лак за нокти… Сината боја ќе ве следи секаде!

2. Зелена

Кога станува збор за зелената, тоа што ќе доминира за време на оваа пролет се војничките парчиња облека, маслинесто зелените нијанси, како и пастелните доколку сакате понежен изглед, а топ тренд е каки нијансата на зелена боја на која ѝ се предвидува голем успех во уличните модни комбинации и тоа особено во текот на летото. Силно зелената боја, исто така, изгледа доста добро доколку сте фан на впечатливите нијанси.

3. Виолетова и розова боја

Осумдесеттите години се вратија повторно во мода, а тоа најлесно може да се воочи токму поради изборот на сите нијанси на виолетова, розова и слични тонови. Силните нијанси можеби се тешки за комбинирање и носење, но тие претставуваат вистински моден предизвик. Доколку сакате да изгледате посуптилно и понежно, тогаш избирајте ги пастелните тонови на овие нијанси. Исто како во случајот со сината боја, и виолетовата и розовата се дозволени кога станува збор за шминката.

4. Портокалова

Не само што е ултра модерна боја за оваа пролет туку е и боја која му прилега секому! Ќе изгледате одлично во сите варијанти, без разлика дали ќе изберете светли или темни нијанси, елегантни или спортски комбинации… Супер боја за супер тренди девојки!


Откријте кои се преостанатите четири бои кои ќе се најдат на врвот за оваа пролет на следната страница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар