Боите во домот го менуваат вашето расположение #3
Наместо да изберете боја на соба во согласност со вашиот вкус, размислете како таа ќе влијае на вашето расположение, пред да донесете конечна одлука. Имајте на ум дека бојата е моќна алатка, а вие сте способни да ги промените амбиентот и вашето расположение со изборот кој го правите кога ги селектирате боите во вашиот дом.
Доколку сте љубители на неутрални бои…
Неутралните бои испраќаат смирувачки пораки до вашиот мозок. Не е случајност тоа што повеќето ординации, кафетерии, спа центри и центри за ментално здравје се дизајнирани во неутрални тонови.
Наспроти верувањето дека црната боја ја прави собата мрачна и мистериозна, доколку се употребува умерено му дава посебен стил, елеганција и софистицираност на просторот. Имајте на ум дека црната боја апсорбира светлина. Затоа кога таа се користи за поголеми простории, ќе биде неопходна дополнителна светлина.Белата боја симболизира чистота, го поткрева расположението и создава чувство на среќа. Како и сите други светли бои, белата го прави просторот да изгледа поголем и му дава еден свеж изглед. Изберете ја белата боја за која било соба во вашиот дом. Оваа боја отвора многу можности за декорирање, кои можат да ја променат атмосферата во собата, со само неколку додатоци во друга боја.Сивата боја делува смирувачки и е вистинско задоволство за очите. Таа е идеален избор за спална соба, дневна соба или канцеларија. Ако решите да ја одберете оваа боја, акцентирајте со црни и бели додатоци, за уникатен дизајн.Одберете ја беж бојата доколку сакате неутрална нијанса, која ќе ви дозволи да додавате елементи во други бои и прилично лесно да декорирате и да го менувате расположението во собата. Од естетски аспект, беж одговара со сите бои, но ако решите да ја употребите како боја за вашите ѕидови, земете предвид дека таа ќе ги истакне сите недостатоци во собата. Одберете ја, доколку сакате нијанса која ќе се прелева со вашиот ламинат, паркет или мебел. Исто како и белата, беж бојата е прилагодлива за лесно менување на атмосферата во собата.