Бохо пролетни фризури за девојките со слободен дух
Заменете ја цветната круна со овие бохо пролетни фризури, совршени за фестивал, што се голем хит оваа година. Ослободете го вашиот дух и дочекајте ја пролетта во своето вистинско светло!
1. Нагласени плетенки
Надополнете ги обичните плетенки или опавчиња со материјал кој ќе ја освежи вашата пролетна фризура. Едноставно намачкајте ја косата со крем за стилизирање, одберете материјал што одговара на вашата облека и испреплетете го низ прамените.
2. Лента за коса
Едноставно и во тренд… но и одличен начин да го скриете потењето додека танцувате како луди! Прснете спреј за текстура на корените од косата и врзете шал од дебел материјал цврсто на вашето чело, па повлечете ја косата нагоре и ќе добиете бушав волумен!
3. Топли тетоважи
Тетоважите за коса се уште еден голем пролетен тренд што изгледа одлично на сончева светлина. Исчешлајте ја косата и соберете ја во цврсто опавче, па поставете ја тетоважата на местото на патецот. Со помош на влажен пешкир прекријте ја околу 2 минути и потоа одлепете го горниот слој. Зацврстете со лак за коса.
4. Прстени за коса
Ве фасцинираат хипи стиловите од 60-тите? Позајмете ја оваа одлична идеја од нив, така што ќе наредите прстени за коса околу плетенките.
5. Колоритни прамени
Нагласете ги прамените со силни бои, покажувајќи им на сите околу вас дека уживате во пролетното сонце. Исплетете 3 до 5 прамени, а потоа освежете ги со конци во различни бои. Заврзете го крајот на конецот цврсто и испрскајте ги врвовите со сув шампон пред да го исечете за да не се отпушти.