Блескаво, свежо и впечатливо: Мејкап трендови за 2017-та година

Блескаво, свежо и впечатливо: Мејкап трендови за 2017-та година

Оваа година дефинитивно ќе им кажеме збогум на многу мејкап трендови во кои до скоро сме се „колнеле“. Но, времињата се менуваат, исто како и нашите мејкап опсесии и затоа им посакуваме добредојде на новите трендови за 2017-та година.

0-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Сјајно, не мат

Минатата година беше во знакот на мат кармините, без разлика на тоа дали се во потемни или посветли нијанси, но оваа година ги менуваме за оние сјајните, едноставно, вкусни и примамливи за бакнежи. Доколку не сакате впечатливи бои кои дополнително светкаат, тогаш ви предлагаме да изберете безбоен сјај кој дискретно ќе ги нагласи вашите усни и ќе ви даде свеж и природен изглед.

1-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Оставете ја кожата да дише

Во согласност со претходно наведеното, оваа година им велиме збогум и на контурирањето, стробингот и останатите видови „малтерисување“ на лицето. Оваа година ја оставаме кожата да дише. Да биде природна. Да биде своја. Во таа смисла, акцентот е ставен на природниот, свеж тен и руменилото со кое ќе обезбедите здрав и блескав изглед.

2-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. Светкави усни

Модните недели лансираа нов, неодолив мејкап тренд – светкави усни! И тоа баш светкави. Подлогата може да биде кармин во која било боја која понатаму ќе ја збогатите со раскошни светки, а сето тоа ќе направи да изгледате гламурозно и секси.

3-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Природни веѓи

Уште неколку мејкап производи би требало да ги исфрлите од вашиот несесер. На пример, сенките или моливите за веѓи. Оваа година во мода се природни, рамни веѓи кои навистина треба да ги оставите да бидат она што се. Евентуално, можете да испробате некои од геловите за обликување, а тоа е навистина единственото нешто кое ви е потребно за вашиот поглед да биде впечатлив и флертувачки.

4-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. „Недовршен“ ајлајнер

Ајлајнерот во оваа година ќе го носиме на нов, „недовршен“ начин. Пред сѐ, на долните капаци, а потоа и „извлечен“ од средината на окото кон надворешните агли. Нема потреба да го исцртувате целото око, бидејќи и на овој начин ќе постигнете сличен ефект. Заедно со малку маскара, вашите очи ќе бидат впечатливи и секси.

5-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

6. Розовата е новата крем боја

Розовата боја од модните комбинации се сели во мејкап сферата, дури и се заканува дека ќе ги замени сите останати неутрални нијанси. Одлучете се за сенка, кармин или руменило – нема воопшто да погрешите.

6-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

7. Металик отсјај

Металик ајлајнерот е задолжителен за оваа година! И тоа уште подобро доколку е во некоја „луда“ боја. Нагласете ги вашите очи на овој начин и остатокот од шминката нема да ви биде потребен.

7-bleskavo-svezho-i-vpechatlivo-mejkap-trendovi-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар