Без брашно и без печење: Рецепт за ролат со мандарини

Без брашно и без печење: Рецепт за ролат со мандарини

Ви споделуваме рецепт за вкусен овошен ролат без брашно и без печење!

Без брашно и без печење: Рецепт за ролат со мандарини

Потребни состојки:

  • 100 грама бисквити
  • 1 лажица какао
  • 120 грама излупени банани
  • 200 грама крем сирење
  • 1 лажица мед
  • 5-6 мали мандарини (или било кое друго овошје што го сакате)

Начин на подготовка:

1. Исечете ги на парчиња излупените банани и сомелете ги со миксер. Сомелете ги бисквитите во блендер. Врз мешавината од банана и бисквити додадете една лажица какао и добро измешајте. Добиената смеса развлечете ја на хартија за печење.

2. Во друг сад измешајте го со миксер крем сирењето со мед. Намачкајте го тестото со кремот и по работ наредете ги целите излупени мандарини. Обликувајте го ролатот и намачкајте ги краевите со преостанатиот крем. Оставете го ролатот во фрижидер неколку часа пред послужување. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за чоколаден ролат со кокос.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар