Банана торта во чаша
Витамините од овошјето и слаткиот вкус на тортата се најдобра комбинација. Ви предлагаме тортичка во чаша која мошне лесно и брзо ќе ја подготвите како најдобар десерт после денешниот ручек. Овој рецепт е доказ дека не секогаш она што е вкусно бара многу енергија, време и специјални кулинарски способности.
Потребни состојки:
- 30 г брашно
- 50 г гранулиран шеќер
- ¼ кафена лажичка прашок за печиво
- Сосем малку цимет
- Сосем малку сол
- ½ презреана банана (изгмечена како пире)
- 1 лажица масло
- 1 лажица пире од јаболко
- 1 лажица јогурт разреден со млеко во однос 3:1
- 1 жолчка од јајце
- ¼ кафена лажичка екстракт од ванила
- 1 лажица сечкани ореви
- Парчиња банана
Начин на подготовка:
Во садот во кој ќе го сервирате десертот (одберете поширока стаклена чаша или шолја), измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, циметот и солта. Потоа додајте ги бананата, маслото, јаболковото пире, јогуртот, жолчката и екстрактот од ванила. Добро измешајте додека состојките не се соединат. Внимавајте брашното добро да се помеша со целата смеса и да не остане на дното од чашата.
Садот ставете го во микропечка на повисока температура и почекајте околу 3 минути. За декорација поросете со сечканите ореви и додајте неколку тенки парчиња банана. Сервирајте додека е топло.
Како предлог, откако ќе ја извадите од микропечка, тортичката може да ја полеете со млечен крем кој може да го приготвите на следниот начин: со виљушка измешајте 1 ½ лажица крем-сир и 4 лажици шеќер во прав.
Добар апетит!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.