Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

Сите ние по жестоката караница со партнерот додека сè уште размислуваме со вжештена глава, се чувствуваме доволно силни за да кренеме раце од сè и да ја прекинеме врската. Но, веќе наредниот ден се утепуваме од плачење, прелистувајќи ги старите фотографии по 100 пати и пишувајќи толку многу трогателни текстови, што слободно можеме да издадеме роман.

Ако сте лути сами на себе што не знаете како да ги контролирате емоциите и што се однесувате како „лудаци“, тоа е сосема нормално. Не сте луди, туку сте едноставно обични луѓе. Нормално е постојано да се премислувате и да не знаете како да постапите. Дури и откако сте прекинале со некој кој направил нешто непростливо и знаете дека ако му дадете втора шанса ќе згрешите, неодлучноста е сепак присутна.

Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

Без оглед на околностите, вие ќе сакате да се сеќавате на убавите моменти и којзнае по кој пат ќе се прашувате „Зошто токму мене ми се случува ова?“. Запаметете дека тоа што сакате работите да се вратат по старо е сосема нормално и тоа е во ред. Големи се шансите дека личноста со која сте биле сè уште претставува важен дел од вашиот живот. Се работи за некој кој никогаш не сте помислиле дека би можел да ве повреди, или, пак, вие да го повредите. Но, работите се менуваат.

И покрај тоа што ви недостасува блискоста што сте ја имале, тоа не значи дека треба да бидете пак заедно. Раскинувањата не се само донесени одлуки по кои лесно се продолжува понатаму, иако некои луѓе мислат дека така би требало да биде. Потребно е време за да заздравите и ќе поминете низ многу препреки за да стигнете до таму.

Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

Ако се решите дека сепак сакате да го преземете тој чекор и дефинитивно да прекинете, размислете што ве довело до оваа помисла. Што направил? Што сте направиле вие? Како реагирал партнерот кога сте му навестиле дека се гледа крајот на вашата врска?

Вообичаено, раскинувањата се случуваат затоа што еден од партнерите престанал да се труди. Ако сега тој тврди дека знае каде згрешил и дека ве сака, мора да се потсетите дека ако тој навистина ве сакал онака како што заслужувате да бидете сакани, тогаш воопшто не би ризикувал да ве изгуби.

Секако дека човечки е да се згреши и сигурно знаете да дадете заслужена втора шанса. Но, ако станува збор за нешто што постојано се случува, време е да почнете да ги слушате нивните дела, а не нивните зборови.

Ако некој ве сака, нема да ризикува да ве изгуби

Сепак решивте да ја оставите врската зад себе и да продолжите понатаму. Немојте да паѓате на нивните зборови. Сега ќе чуете сè што отсекогаш сте посакувале да ви кажат. Но, ако тие се чувствувале така цело време, зошто не го кажале тоа порано? Ако навистина ве сакале, зошто не се однесувале како што треба уште на почетокот?

Само вие самите знаете што е најдобро за вас и каков е навистина вашиот поранешен партнер. Немојте да давате втора шанса поради погрешни причини. Дадете ја втората шанса само ако сметате дека тие навистина ја заслужуваат, а не затоа што се чувствувате осамено и тажно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар