Ако мислите дека имате недостаток на калциум, внимавајте на овие симптоми
Мит е дека само децата треба да пијат млеко за да имаат силни коски. Можеби не сте сфатиле досега, но вашите коски сè уште се тука и потребен им е калциум. Националниот институт за здравје вели дека и на мажите и на жените им се потребни околу 1.000 милиграми калциум дневно. Дали ја достигнувате таа бројка? Ако не, погледнете ги овие 8 симптоми за недостаток на калциум.
1. Болки во ногата
Доколку чувствувате болки во ногата, тоа е знак за недостаток на калциум. За да го поминете овој проблем зголемете го нивото на калциум кое го внесувате. Исто така истегнување пред спиење може да ви помогне со болката.
2. Кариес
Имате повеќе расипани заби од обично? Не ги обвинувајте слатките. Кога вашето тело не добива доволно калциум преку храна или суплементи, тоа бара други извори. На пример, вашите заби.
3. Вкочанетост
Слично на болките во нозете, недостатокот на калциум предизвикува вкочанетост. Доколку почувствувате вкочанетост или трнење на врвовите на прстите, проверете дали земате доволно калциум.
4. Кршливи нокти
Исто како вашите заби и коски, ноктите исто така складираат калциум. Доколку имате недостиг од него, тоа ќе резултира со слаби и кршливи нокти.
5. Проблеми со спиењето
Калциумот помага при создавање серотонин, хормон за спиење. Кога сте во длабок сон, нивото на калциум во вашето тело расте. Па ако имате каков било проблем со спиењето, можно е да е поради недостаток на калциум.
6. Неправилно држење на телото
Ниско количество калциум води кон послаби коски, а послабите коски значат послабо тело. Вашето тело одговара на оваа слабост со искривување. Неправилното држење на телото исто така води до болки во вратот и грбот.
7. Напади
Калциумот е важен за контракцијата на мускулите, па недостатокот од него може да води до напади дури и кај здрави личности.
8. Проблеми со памтењето
Повторно не знаете каде го ставивте далечинскиот управувач? Недостатокот од калциум предизвикува невролошки симптоми како што се губење на сеќавањето и халуцинации.
Прочитајте и за 10-те неверојатни здравствени придобивки од само една шолја топло млеко на ден!