9 знаци дека носите погрешен број на градник

9 знаци дека носите погрешен број на градник

Поголемиот дел од жените носат градници секојдневно. Но, 80% од дамите носат градник со погрешна големина. Важно е вашиот градник да биде со вистинската големина бидејќи така ќе им нуди подобра поддршка на вашите гради. Следниве 9 знаци покажуваат дека можеби треба да го промените бројот на вашиот градник.

1. Ви излегуваат градите

Најочигледен знак дека градникот ви е со погрешна големина е излегувањето на градите. Ако ви се случува ова, можеби треба да купувате 1 или 2 броја поголем. Ќе се чувствувате многу поудобно, а вашите гради сигурно ќе изгледаат подобро.

2. Го закопчувате градникот на последното копче

Спротивно од верувањето на повеќето девојки, градникот треба да го закопчувате на првото копче, наместо на второто или третото. Со текот на времето градникот ќе се прошири, па ќе стигнете до најширокото.

3. Задниот дел ви е до лопатките

Задниот дел од градникот треба да стои на средината на вашиот грб, а не на горниот дел. Во овој случај или разлабавете ги прерамките или купете малку поголем број.

(2)9-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshna-golemina-kafepauza.mk

4. Ви остануваат траги од прерамките

Прерамките од градникот не треба да се „закопани“ во вашите рамена. Ако од нив ви остануваат црвени линии или разлабавете ги или купете градник со помали корпи. Помалата корпа на градникот ќе го намали притисокот на вашите рамена и ќе овозможи подобра поддршка за вашите гради.

5. Има простор помеѓу корпата и градите

Ова е веќе очигледен знак. Или затегнете ги прерамките или купете помал градник.

6. Имате испакнатини на грбот

Никој не сака да има испакнатини на грбот од премногу тесниот градник. Во овој случај можете да го закопчате градникот на првото копче. Ако и тогаш е премногу стегнат, купете поголем број.

(3)9-znaci-deka-nosite-gradnik-so-pogreshna-golemina-kafepauza.mk

7. Прерамките ви се премногу лабави

Сигурно ви е позната ситуацијата кога ви паѓаат прерамките од градникот. Наместо цел ден да ги местите, затегнете ги, но не премногу. Оставете простор од 2 прста кога ги затегнувате.

8. Не сте правилно измерени

Иако можеби ќе биде непријатно, важно е правилно да бидете измерени. Одете во продавница за градници и замолете некој од вработените да ве измери. На овој начин тие ќе ви го кажат точниот број.

9. Со години носите ист градник

Градниците се менуваат со текот на времето. Ако не можете да се сетите кога последен пат сте купиле, можеби е време за нов градник. Колку често купувате градници зависи од нивниот квалитет и од тоа колку често ги носите. Препорачливо е да го менувате градникот на секои 8 месеци.

Понекогаш навистина е потребно да ги одморите вашите гради. Па, погледнете како да излезете од дома без градник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар