9 трикови кои ќе ви помогнат поретко да ја миете косата

9 трикови кои ќе ви помогнат поретко да ја миете косата

Сигурно се чувствувате лошо кога вашата коса ќе се извалка многу брзо, па сметате дека треба да ја миете почесто. Но, ова не е најдобрата идеа. Фоликулите активно се стимулираат и следниот ден таа повторно ќе изгледа нечисто. Погледнете некои од најдобрите трикови кои ќе ви помогнат вашата коса да биде чиста подолго време.

1. Употребувајте зовриена вода

(1)9-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-poretko-da-ja-miete-kosata-kafepauza.mk

Обичната вода од чешма може да биде премногу тврда, а со тоа да влијае на чистотата на вашата коса. Исплакнете ја косата со претходно зовриена вода. Температурата на водата би требало да биде околу 38 степени Целзиусови.

2. Намалете ја употребата на продукти

Продуктите за тенка и кршлива коса може да ја направат косата повалкана доколку не ги користите правилно. Маслата за коса треба да се користат само неколку пати неделно, додека спреовите користете ги по потреба, и тоа во мала количина.

3. Чешлајте ја косата поретко и користете чешел

Кога често ја чешлате косата, вие ги активирате фоликулите. Поради ова, вашата коса побрзо се валка. Обидете се поретко да ја чешлате косата, и наместо четка користете чешел. Избегнувајте контакт со скалпот и чешелот.

4. Природни фризури

(4)9-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-poretko-da-ja-miete-kosata-kafepauza.mk

Сите продукти за фризури го забрзуваат валкањето на косата. Ако сакате да носите опавче или пунџа, направете го поприродно. Ако не ставите многу лак за коса со цел да ја прицврстите фризурата, следниот ден вашата коса ќе изгледа чисто.

5. Употребувајте шампон без СЛС

(5)9-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-poretko-da-ja-miete-kosata-kafepauza.mk

Шампоните со оваа состојка се безбедни, но ако ви ја сушат кожата и вашата коса брзо се валка, одберете шампон кој не содржи СЛС. Овие продукти прават помалку пена, но се исто ефективни во отстранување на нечистотиите.

6. Намалете ја температурата

(6)9-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-poretko-da-ja-miete-kosata-kafepauza.mk

Фенот за коса, пеглата за коса и сличните апарати може да бидат причина за валкана коса. Високите температури ги тераат лојните жлезди да лачат повеќе масло за да ја заштитат кожата. Температура од 150 до 180 степени Целзиусови е совршената температура за правење фризури.

7. Пилинг на кожата на главата

Пилингот ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и длабински да ја исчистите косата. Исто така, тој ги зајакнува фоликулите и го забрзува растот на косата. Можете да користите и домашни маски за пилинг.

8. Почесто менувајте ја навлаката на перницата

(8)9-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-poretko-da-ja-miete-kosata-kafepauza.mk

Навлаката од перницата ги впива маслата кои ги користите за вашето лице и коса. Ова создава совршена средина за развивање бактерии, а тоа пак ја прави вашата коса нечиста. Навлаките од перниците треба да ги менувате барем еднаш неделно.

9. Заштитете ја косата од временските услови

(9)9-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-poretko-da-ja-miete-kosata-kafepauza.mk

Носете шапки и во лето и во зима. Премногу студено и премногу топло време ја тераат кожата да произведува себум како заштита. Поради ова, корените на вашата коса стануваат мрсни, додека врвовите стануваат суви и кршливи. Потребно е да се грижите за вашата кожа во секоја сезона.

Погледнете и како брзо да се справите со мрсната коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар