9-те најголеми трендови за мода и убавина во 2016 година

9-те најголеми трендови за мода и убавина во 2016 година

Сите љубители на шминката и козметиката сакаат да ги следат новите трендови и со нетрпение чекаат да ги испробаат. Доколку сепак сте пропуштиле што најмногу ќе се носи во 2016-та година, тогаш со задоволство со вас ќе ги споделиме 9-те најголеми трендови за мода и убавина.

1-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

1. Трикови со перика

Откако Џиџи Хадид на доделувањето на музичките награди во Америка се појави со кратка паж фризура, многумина не се посомневаа дека во прашање е перика, но и генијално дело на нејзиниот фризер.

Потоа одеднаш стана достапно да избираме дали сакаме долга или кратка коса во зависност од потребата, а тоа навистина е сјајно. Пријателката на Џиџи, Кајли Џенер, исто така сака да носи перики, па со тоа ни покажа и дека сосема е во ред да ја менуваме бојата на коса по желба.

2-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

2. Бронзени капаци

На поголемиот дел од модните ревии, манекенките носеа бронзена боја на нивните капаци. Нема причина зошто не би ја носеле сите, бидејќи е утврдено дека таа одговара на секоја боја на очи.

3-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

3. Малку поразличен патец

Доколку не сте сигурни на која страна да го наместите патецот, бјути експертите ви препорачуваат дека тоа е помалку важно од фактот дека никако не треба да носите празен патец, барем не за свечените прилики. Исто така, светките ќе направат вашата фризура да изгледа потполно сјајно и неодоливо.

4-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

4. Светки насекаде

На патецот, на капаците, на телото и усните – најважно е на себе да имате светки. Никако немојте да заборавите дека претерувањето не ве води никаде, т.е. води кон кич, па доколку носите светки изберете само еден дел од телото.

5-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

5. Шпицести нокти

Му се допаѓало некому тоа или не, Кајли Џенер е една од бјути иконите на денешницата. Иако девојките ширум светот наголемо научија од неа како да ги шминкаат усните за тие да изгледаат пополно, сега сите сакаат да имаат долги нокти во шпиц, кои изгледаат како вештачки. Дали тоа е сјаен избор или не, пресудите самите, но ние би рекле дека се идеален избор за луда саботна журка.

6-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

6. Твист коњско опавче

Плетенката не е повеќе во тренд колку што е увиеното коњско опавче. За среќа, многу едноставно се прави, потребно е да заврзете класично коњско опавче, да го поделите на два прамени, да ги увиете спирално, а потоа да ги преклопите еден врз друг, од врвот до крајот.

7-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

7. Лажни пеги на лицето

Девојките со пеги на лицето, делуваат слатко, неодоливо и како штотуку да пристигнале од сончање. Затоа не е чудно што ги имаат сите, па дури и оние што природно ги немаат. Наострен молив за очи во светло кафеава боја е одличен начин за дискретно да додадете пеги во пределот околу носот.

8-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

8. Детски палми на веѓите

Следниот пат кога ќе отидете кај козметичарката или додека сами ги правите веѓите оставете ја „палмата“ несредена – секако доколку ги следите трендовите. Со такви веѓи и без шминка ќе изгледате одлично.

9-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_

9. Лоб фризура

Една од најпопуларните фризури за 2015-та година, лоб, односно долгиот паж ќе ја има истата популарност и во 2016-та година. Скоро секоја светска ѕвезда ја носи оваа фризура, а сјајно е тоа што можете да ја стилизирате на разни начини.

Па, кој е вашиот омилен тренд?

10-9-najgolemi-bjuti-trendovi-za-2016-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар