9 совети како да заштедите пари додека студирате далеку од дома
Повеќето луѓе се согласни дека низ годините поминати студирајќи, ги искусиле најубавите моменти од младоста кои се доживуваат само еднаш. Проблем се само парите, кои голем број студенти ги добиваат како месечен џепарлак од родителите, а кој никогаш не им е доволен за сé. Но, доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок.
Купете користени книги
На повеќето студенти голем финансиски товар во текот на секоја студентска година им претставува купувањето книги и прирачници. Зависно од цената на секоја книга, на годишно ниво може да се случи да потрошат 100 или повеќе евра. За да не се случи тоа, обидете се да запознаете некој од постарите генерации кој ќе ви ги продаде неговите учебници за дупло пониска цена.
Научете да готвите
Јадењето надвор, без разлика што ќе изберете од менито, е секогаш за 2-3 пати поскапа варијанта од домашно приготвената храна. Ако живеете во студентски дом, користете ја заедничката кујна или јадете во бифе. Ако нема кујна, а храната во бифето не ви се допаѓа, станете креативни и почнете да готвите на решо или во микробранова печка, кои ви е поисплатливо да си ги купите, отколку да се расфрлате. На тој начин, 2-3 пати во месецот ќе можете да си дозволите да се нагостите во ресторан со вашите колеги.
Возете се со автобус
Бензинот е скап, а возењето со такси уште повеќе. Давањето толку многу пари за превоз, е навистина голем финансиски трошок за студент кој нема пари, а студира далеку од својот дом. Затоа, и покрај тоа што најудобно ви е возењето во автомобил, стиснете заби во текот на студиските години и користете го автобусот како основно превозно средство. Возењето во нив не е бесплатно, но е најевтина варијанта.
Возете велосипед
Друг начин да заштедите на превоз е да возите велосипед. Не само што нема да потрошите ниту еден денар, туку истовремено и ќе ја одржувате вашата линија. Ако немате велосипед, можете да си купите нов за 3000-4000 денари и да заштедите многу пари.
Пазарете во евтини дуќани
Една од најбитните работи ако сакате да бидете штедливи додека студирате, е да гледате во цените пред да купите некој производ. Избегнувајте да купувате козметика и други потребни препарати од скапи брендови, кога не ви е многу битно. Разгледајте ги цените во околните продавници и секогаш пазарете во онаа, каде цените се најниски. На тој начин ќе заштедите многу пари.
Немојте пречесто да пиете алкохол
Студентите обожуваат да се журкаат и да се пијанат. Но, пиењето е доста скапо и може да ви го потроши вашиот месечен буџет, ако претерате. Доколку сте едни од тие студенти кои си го празнат паричникот на забави, забавете малку и размислете колку е тоа штетно по вашето здравје од една страна и екстремно скапо од друга. Одењето на забави и во дискотеки два пати неделно е сосема доволно за да ги „наполните батериите“ пред испитна сесија. Од друга страна, ако сте повеќе надвор отколку внатре, значи дека малку време поминувате над книга. Имајте на ум дека забавата е послатка ако немате паднати испити да ви ги преоптоваруваат мислите.
Искористете ги бесплатните манифестации
Сите сакаат да одат на концерти, во кино или на други настани за забава, но ретко кој може да оди секаде кај што сака. Не го пропуштајте настапот на вашиот омилен бенд или пејач, бидејќи ќе ви биде криво отпосле, но не купувајте карта за сé што е актуелно во месецот. Наместо тоа, присуствувајте на бесплатни манифестации на отворено и разни други хуманитарни концерти. Ќе ги сретнете сите ваши пријатели и истовремено ќе заштедите многу пари.
Пригответе си кафе со пикантен вкус
Студентите обожуваат да пијат кафе со своите колеги во некој кафе-бар, на паузи меѓу предавањата. Тоа ги држи будни кога остануваат да учат доцна навечер. Но, ако пиете по неколку кафиња секој ден, ќе потрошите многу пари. Ако во кафе-барот не е скапо, посетете го 2 пати неделно, но во останатите денови од неделата, понесете си кафе од дома во термос или купете си од кафемат. Ние ви нудиме голем избор на вкусни кафе-рецепти.
Најдете некоја хонорарна работа
Секојдневното броење на парите во џебот, може да биде многу истоштувачко, па затоа ако успеете да најдете некоја работа со половично работно време е одличен начин да го намалите стресот. Сé додека работата не му наштетува на вашиот успех на факултет, таа може да ви помогне да живеете порелаксирано и да си дозволите повеќе луксузи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Се е пробано….Џабе. Кој не искусил, не знае. Па фала богу дека се возат со автобуси и купуваат копирани книги, а не оригинали. Во ефтини маркети??? Потрошувачката кошничка на еден студент е сведена на десетина производи. Само родителите знаат како им е.
Секој располага со различни финансиски можности и секој различно си ги планира парите. Овие совети се наменети всушност, за секој оној студент кој не умее добро да си ги контролира трошоците, а мора да најде начин да заштеди повеќе.
Веќе видено и пробано, се е џабе овие совети веќе студентите ги знаат и одамнаааааааааааа ги применуваат
Ова се супер совети – за некоја земја која има солиден животен стандард. Во Македонија студентите – сакале или не сакале, не можат да си дозволат еден куп работи што се наброени горе (бензин за автомобилот кој го немаат, јадење надвор, купување нови книги освен ако не мораат, хонорарни работи секако нема баш… )
Mission impossible 🙂
Прво: Сите ќе кажете испробани совети, но успеваат -до некаде. Треба да се разбере дека секој студент не може да троши колку што трошел додека бил со мама/тато.
Второ: Мојот џепарац не ми ни дозволува да помислам да купувам кафе од Коста, Старбакс итн. Правам тостови и кафе дома итн. Често се случува да гладувам затоашто моарм да купам материјали… Ниту пак имам платформа да размислувам на тоа да излезам во петок навечер во еден од најголемите градови во светот затошто пијачка кошта два цели дена на факс со транспорт, јадење и пиење како роб.
Трето: Во Скопје кога бев на студии се ми беше поефтино и попристапно…
Така да дечки i девојчиња користете си ја домица додека можете, у странство е :OOO
Aко според името (Razmataas) можам да заклучам дека студираш во Барселона, тогаш морам да ти кажам дека грешиш. И таму можеш да влезиш бесплатно во дискотека, и да се напиеш претходно дома и супер да си поминеш. Исто така има места каде што можеш да пиеш пиво кое е поевтино од многу места во Скопје (а и подобро).
Nisto ne e nevozmozno, jas odam na fax + si najdov honorarna rabota i toa na struka… taka da, se se saka ako se moze!!!