9 работи кои мажите ги сметаат за одбивни, а жените несвесно ги прават

9 работи кои мажите ги сметаат за одбивни, а жените несвесно ги прават

Долгата врска навистина повлекува со себе огромно количество комодитет и опуштеност. Кога сте со некого подолго време, несвесно престанувате да се оптоварувате себеси со сите морални и самонаметнати начини на однесување, па си дозволувате испади од секаков тип. Некои се случуваат еднаш, за некои едвај сте чекале да дојде момент кога ќе може да ги правите пред партнерот без срам; некои се смешни, некои се засрамувачки, некои ве прават уште попривлечни, но има и такви кои, за партнерот, се ужасно одбивни.

(1)-9-raboti-koi-mazhite-gi-smetaat-za-odbivni-a-zhenite-nesvesno-gi-pravat-kafepauza.mk

Девојки, иако можеби следниве нешта ги правите несвесно, тие се навистина одбивни за вашата посилна половина.

1. Долги нокти

Покрај фактот дека мажите преферираат што е можно поедноставен маникир, она што вашиот партнер би го сакал дури и повеќе се кратки нокти. Гребење, боцкање и лузни се само мал дел од работите кои тие радо би ги избегнале.

2. Оглупавување со сила

Паметниот и амбициозен маж го привлекува вашата интелигенција. Сето она што подразбира глупаво однесување сосила само за да привлечете повеќе внимание предизвикува само одбивност и ништо повеќе.

3. Загушување

Ако мажите нешто мразат, тоа е кога не го добиваат потребниот простор да бидат сами или со своите пријатели. Затоа, за сите мажи е многу одбивна секоја ситуација кога добиваат чувство на загушеност. Едноставно, потребен им е нивниот простор.

4. Попување

Ако сакаат да слушаат како и што би требало да прават, тогаш ќе одат дома и ќе ги слушаат своите мајки. Во врската очекуваат да бидат со девојка со која можат да бидат слободни и свои, па одбивен им е секој ваш обид да им попувате.

5. Премногу парфем

Да, убав парфем во умерени количини е и повеќе од привлечно. Но чувството кога мирисате како да ја имате цела парфимерија испрскано врз себе, а згора на тоа и моментот кога ве бакнуваат по врат и јазикот им се здрвува целосно, е тоа е меѓу оние најлошите искуства кои дефинитивно не би ги повториле.

6. Премногу шминка

Мажите сакаат природно. Иако шминката навистина разубавува, кога нешто е претерано тогаш сигурно не чини. Мажите имаат разбирање дека шминката е неизбежен дел од целата слика, но не сакаат кога изгледате како да ќе одите на маскенбал.

7. Флертување со други мажи

Една огромна грешка која некои жени ја прават е таа што кога се излезени со својот партнер, умерено и дискретно, но сепак впечатливо флертуваат со други мажи за да го направат партнерот љубоморен. Но ова секогаш дава само еден резултат, а тоа е одбивност кон вас која произлегува од создадената недоверба и ниското ниво на однесување.

8. Секогаш на располагање

Кога им е сѐ како сервирано на послужавник, мажите ќе изгубат интерес. Во нивната природа е да треба да се изборат за нешто, а кога тоа нешто го добиваат секогаш и во секое време без дури и да го побараат, тоа нешто им станува досадно. Имајте свој живот. Бидете недостапни.

9. Негативност

Во секоја смисла на зборот. Мажите сакаат позитивни девојки, девојки кои се сакаат себеси и кои не се замараат со останатите, кои не осудуваат и не се полни со негативна енергија. Ценете го тоа што го имате, сакајте го и уживајте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар